Географски координатен систем: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Бот Додава: mzn:دستگاه مختصات جغرافیایی; козметички промени
Ред 109: Ред 109:
[[sah:География координаталара]]
[[sah:География координаталара]]
[[sq:Koordinatat gjeografike]]
[[sq:Koordinatat gjeografike]]
[[si:භූගෝලීය ඛණ්ඩාංක පද්ධතිය]]
[[si:Geographic coordinate system]]
[[simple:Geographic coordinate system]]
[[simple:Geographic coordinate system]]
[[sk:Geografický súradnicový systém]]
[[sk:Geografický súradnicový systém]]

Преработка од 09:31, 16 август 2011

Карта на Земјата која ги прикажува линиите на латитудата (хоризонтално) и лонгитудата (вертикални), Екертова проекција; голема верзија (pdf, 1,8 МБ)

Географскиот координатен систем ја прикажува секоја локација на Земјата со две или три координати на сферен координатен систем којшто е подреден со оската на ротација на Земјата. Позајмувајќи теории од античките Вавилонци, а подоцна проширени од познатиот грчки мислител и географ Птоломеј, на полн круг му се припишуваат 360°.

Географскиот координатен систем овозможува секоја локација на Земјата да биде определена преку три координати на сферичниот координатен систем, кој е подреден на оската на ротација на земјата.

Прва и втора димензија, лонгитуда и латитуда

Нултиот степен од паралелата на латитудата е означен со екваторот. Тоа е замислена линија која ја дели земјината топла на северна и јужна хемисфера.

  • Лонгитуда или географска должина е аголот кон исток или запад, во центарот на координатниот систем, помеѓу било која точка на земјината површина и рамнината помеѓу северниот и јужниот пол. Линиите чии точки се спојуваат на иста лонгитуда се нарекуваат меридијани. Сите меридијати се половина од замислени кругови и не се паралелни. По дефиниција тие се спојуваат на половите. Линијата која поминува преку Гринич (Во близината на Лондон) е меѓународната нулта точка за географска должина. Таа точка е местото каде што истовремено меридијанот е 180° ЗГШ (запад) и 180° ИГД (исток).

Со комбинација на овие два агли хоризонталната позиција на било која локација на земјата може да биде определена.

На пример Скопје има латитуда од 42°0′ СГШ и лонгитуда од 21°26′ ИГД . Ако повлечеме линија од центарот на земјата со агол од северно од екваторот и од Гринич, оваа линија ќе помине низ Скопје.

За попрецизна определба, степените се делата на минути (1 минута е 1/60 дел од степенот и е означена со „м“ или '. Дополнително минутите се делат на секунди означени со „с“ или .

Трета димензија - длабочина односно надморска височина

За целосно да се определи некоја локација на земјата, мора исто така и да се определи нејзината висина во однос на нивото на морето. За локации кои се наоѓаат под морското ниво се користи центарот на земјата како референтна точка.

Поврзано