Западен Брег: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.1) (Бот Додава: af:Wesoewer |
с r2.7.1) (Бот Додава: be:Заходні бераг ракі Іардан |
||
Ред 36: | Ред 36: | ||
[[az:Qərb sahili]] |
[[az:Qərb sahili]] |
||
[[bn:পশ্চিম তীর]] |
[[bn:পশ্চিম তীর]] |
||
[[be:Заходні бераг ракі Іардан]] |
|||
[[bs:Zapadna Obala]] |
[[bs:Zapadna Obala]] |
||
[[bg:Западен бряг]] |
[[bg:Западен бряг]] |
Преработка од 12:35, 8 јуни 2011
Западниот Брег, нарекуван и Јудеја и Самарија, е територија на Блискиот Исток на западниот брег на реката Јордан.
По распаѓањето на Османлиската Империја, оваа територија станува дел од Британскиот Мандат Палестина. По Арапско-израелската војна од 1948 година, Западниот Брег е освоен и анектиран од страна на Јордан. Територијата останува под јорданска власт до 1967 година, кога во текот на Шест-дневната војна, Израел го освојува Западниот Брег. Со исклучок на Источен Ерусалим, Западниот Брег не е анектиран од страна на Израел.
Управување со Западниот Брег
Според Договорот од Осло од 1993 година, конечниот статус на Западниот Брег треба да биде предмет на иден договор помеѓу Израел и палестинската страна. Според привремениот договор, Изреал ги повлече своите воени сили од одедени делови од Западниот Брег, кој тогаш беше поделен на три области:
- Земја контролирана и управувана од Палестинците (Област А)
- Земја контролирана од Израел, но управувана од Палестинците (Област Б)
- Земја контролирана и управувана од Израелците (Област В)
Областите Б и В претставуваат најголем дел од територијата на Западниот Брег.
Демографија
Според проценките на Палестинското Биро за Статистика, на крајот од 2006 година во Западниот Брег (вклучувајќи го и Источен Ерусалим) живеат околу 2,5 милиони Палестинци. На Западниот Брег има и преку 260,000 израелски доселеници, како и околу 185,000 доселеници што живеат во анектираниот Источен Ерусалим.