Прејди на содржината

Сочувство за госпоѓицата Одмазда

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сочувство за госпоѓицата Одмазда (корејски: 친절한 금자씨) — филм на режисерот Чан-Вук Парк од 2005 година,. Парк е автор и на сценариото, заедно со Џеонг Сео-Ѓеонг. Главните улоги ги играат: Ли Јанг-ае, Чој Мин-Сик, О Дал-су, Ким Си-ху, Ли Сунг-шин, Ким Бу-сун, Ра Ми-ран, Ко Су-хи, Нам Ил-ву, Квон Ѕеа-јанг и Тони Бери. Филмот е последен дел од шокантната трилогија за мотивите на човековата одмазда која режисерот ја дефинира како приказна за ослободувањето од гревот и за простувањето. Филмот бил награден на фимлските фестивали во Венеција и во Бангкок, а бил номиниран и за Европската филмска награда.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

По 13 години минати в затвор, Ли Гум-ја излегува на слобода. Неправедно осуден за грабнувањето и убиството на едно дете, Ли решава да го пронајде вистинскиот убиец и да му се одмазди. За таа цел, тој ги ангажира Со Јонг-ву и Су Хју-о кои ги задолжил за време на отслужувањето на казната. Су го познава вистинскито виновник, а тоа е нејзиниот некогашен учител Бек, безобѕирен човек кој ѝ помогнал за време на бременоста во тинејџерските години, а потоа ја уценил да ја признае вината за злосторството кое не го направила. Во нејзината невиност верува само детективот Чој...

Наводи[уреди | уреди извор]