Прејди на содржината

Согнефјорд

Координати: 61°06′N 5°10′E / 61.100° СГШ; 5.167° ИГД / 61.100; 5.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Согнефјорд
Согнефјорден
Поглед кон фјордот
Согнефјорд во рамките на Вестланд<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
[[File:Предлошка:ПолКарта Вестланд|6x6px|Согнефјорд|link=|alt=]]
<div style="font-size: %; line-height: 110%; z-index:90; position: relative; top: -1.5em; width: 6em; Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“">Согнефјорд
ПодрачјеВестланд, Норвешка
Координати61°06′N 5°10′E / 61.100° СГШ; 5.167° ИГД / 61.100; 5.167
Сливни земјиНорвешка
Најг. должина205 км
Најг. ширина4,5 км
Најг. длабочина1.308 м

Согнефјорд[1][2][3], наречен Крал на фјордовите (норвешки: Fjordenes konge), ― најголемиот и најдлабокиот фјорд во Норвешка.[4] Сместен во округот Вестланд во Западна Норвешка, се протега 205 км во внатрешноста од океанот до малото село Шолден во општината Лустер.[4]

Фјордот го дава своето име на околниот округ Согн.[5] Името е поврзано со норвешкиот збор „суг-“ (súg-; „да вшмука“), веројатно од напливот или вшмукувањето на плимните струи во устието на фјордот.[6]

Географија

[уреди | уреди извор]
Поглед на фјордот во близина на Вангснес.

Фјордот минува низ многу општини: Солунд, Гулен, Хилестад, Хејангер, Вик, Согндал, Лердал, Аурланд, Ордал и Лустер. Фјордот достигнува максимална длабочина од 1308 метри, а најголемите длабочини се наоѓаат во средишните делови на фјордот во близина на Хојангер.[7][8] Согнефјорд е повеќе од 1000 метри длабок, на околу 100 км од неговата должина, од Рутледал до Хермансверк. Во близина на неговата устие, дното нагло се крева на околу 100 метри под нивото на морето. Морското дно во Согнефјорд е покриено со 200 метри дебели седименти, така што основата е околу 1500 метри под нивото на морето. Фјордот е до 6 км широк.[9] Просечната ширина на главниот ракав на Согнефјорд е помала од 5 км. Длабочината постепено се зголемува од Ардал до средишниот слив достигнувајќи повеќе од 1000 метри во длабочина, сместена помеѓу Лејкангер и Брекеe. Од Бреке, подот брзо се крева до островот Лосна, а потоа постепено паѓа на праг од околу 150 метри во околината на Солунд. Праговите се јавуваат во област со долини и ниски површини каде што ледникот можел да се шири и да го изгуби ерозивното дејство.[10]

Карпестите гребени кои го опкружуваат фјордот се издигнуваат од водата до височини од речиси 1000 метри и повеќе. Околу надворешната област копното се издигнува на околу 500 метри над морето, додека во внатрешните области на фјордот, тие достигнуваат околу 1600 метри. Внатрешниот дел има притоки-фјордови како што е Аурландсфјорден, додека надворешниот дел е поврзан со тесни протоци со соседните фјордови. Во близина на брегот, устието на фјордот е ограничена во голема мера со ниски острови кои се дел од заливот.[10]

Завршетокот на Согнефјорд е југоисточно од планинскиот венец кој се издига на околу 2000 метри надморска височина и е покриен со Јостедалсбрен, најголемиот ледник во континентална Европа. Климата во внатрешниот дел на Согнефјорден и неговите ракави не е толку влажна како на надворешното крајбрежје.[11] Планинскиот венец на Харанген на источниот крај на фјордот достигнува височина од 2400 метри. Најголемата надморска височина од морското дно до врвот е во Согндал. Неколку реки дотураат свежа вода во фјордот преку годишниот „пролетен“ максимум на врнежи во месец јуни.[12] Устието на фјордот е опкружено со многу острови, вклучувајќи ги Сула, Лосна и Хисерејна. Согнефјорд ја сече северозападната гнајсова област со структура од југозапад кон североисток и продира низ каледонскиот набор во внатрешниот дел. Не постои јасна врска помеѓу правецот исток-запад на главниот фјорд и преклопните обрасци на коритото, додека некои од притоките фјордови во деловите одговараат на преклопната шема.[10]

Волуменот на целиот Согнефјорден вклучувајќи ги неговите различни ракави е околу 500 км/кубни, додека вкупниот волумен на карпи еродирани од ледниците од целиот систем Согнефјорд и соседните долини е околу 4000 км/кубни.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. The New Encyclopaedia Britannica. Чикаго: Encyclopaedia Britannica. 2003. стр. 813.
  2. Fodor's Norway. London: Fodor's. 2004. стр. 137. ISBN 9781400013227.
  3. Rafferty, John P. (2012). Landforms. New York: Britannica Educational Publishing. стр. 210.
  4. 4,0 4,1 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 351. ISBN 0-89577-087-3.
  5. Helland, Amund (1901). „Almindelig del. I serien Norges land og folk topografisk-statistisk beskrevet“. Nordre Bergenhus Amt (норвешки). Kristiania: Aschehoug. Sognefjordens egentlige navn er Sogn, medens Sogn nu alene bruges om det omgivende landskab, og brugtes saaledes allerede i middelalderen. Navnet er som landskapsnavn hankjønsord og har udentvil været det ogsaa som fjordnavn.
  6. Bergum, Leiv (1998). Sognefjorden. Leikanger: Skald. ISBN 8279590005.
  7. Øi, Ørnulf (1987). Norges sjøatlas : fra svenskegrensen til Sognefjorden. Oslo: Nautisk forlag i samarbeid med Statens kartverk, Norges sjøkartverk. стр. 225, 244. ISBN 8290335024.
  8. Store norske leksikon. „Sognefjorden“ (норвешки). Посетено на 13 ноември 2023.
  9. 9,0 9,1 Andersen, Bjørn G. (2000). Istider i Norge. Landskap formet av istidenes breer. Осло: Universitetsforlaget. стр. 30. ISBN 9788200451341.
  10. 10,0 10,1 10,2 Holtedahl, H (1967). „Notes on the formation of fjords and fjord-valleys“. Geografiska Annaler. Series A. Physical Geography. 49. стр. 188–203.
  11. Holmesland, Arthur m.fl. (1973). Norge. Осло: Aschehoug.
  12. „Sognefjorden – Store norske leksikon“. Store norske leksikon. Посетено на 13 ноември 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]