Прејди на содржината

Смешна дама

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Смешна дама“ (англиски: Funny Lady) – филм на режисерот Херберт Рос (Herbert Ross) од 1975 година. Автори на сценариото се Џеј Пресон Ален (Jay Presson Allen) и Арнолд Шулман (Arnold Schulman), засновано врз расказот на Шулман. Главните улоги ги играат: Барбра Страјсенд (Barbra Streisand), Џејмс Кан (James Caan), Омар Шариф (Omar Sharif), Роди Мекдауел (Roddy McDowall) и Бен Верин (Ben Vereen). Филмот е продолжение на „Смешна девјка“ од 1968 година и претставува измислен приказ на продолжението на животот и кариерата на Фани Брајс и на нејзиниот брак со продуцентот Били Роуз. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во неколку категории, и тоа: најдобра фотографија, најдобра костимографија и најдобра филмска музика (за оригинална песна). Исто така, филмот имал неколку номинации за наградата „Златен глобус“: за најдобар игран филм (комедија или мјузикл), за најдобар глумец (Кан), за најдобра оригинална музика (Џон Кендер и Фред Еб), за најдобра оригинална песна (Кендер и Еб)(Кендер), за најдобра глумица (Страјсенд) и најдобар дебитант (Верин).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Фани Брајс (ја игра Страјсенд) е голема ѕвезда на Бродвеј, која запаѓа во криза за време на Големата депресија. По бурната романса, таа се мажи за Били Роуз (го игра Кан), а потоа двајцата одлучуваат да започнат деловна соработка. Наспроти тешкиот почеток, Фани постигнува голем успех, но наеднаш славата станува голем товар за нејзиниот брак, особено откако Били дознава дека Фани сѐ уште гледа со симпатија на нејзиниот поранешен маж Ник (го игра Шариф)...

  1. Filmovi Barbre Streisand: Ljubavnici gospođe Funny, američki film (1975.) - Zlatno doba Hollywooda (пристапено на 26.6.2022)