Слободна територија Трст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на територијата

Слободната територија Трст (италијански: Territorio libero di Trieste; словенечки: Svobodno tržaško ozemlje; српскохрватски: Slobodni teritorij Trsta/Слободни Териориј Трста) била независна територија сместена во Средна Европа помеѓу северна Италија и Југославија, која излегувала на Јадранското Море. Таа била создадена после Втората светска војна, под директна одговорност на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Слободната територија била формирана на 10 февруари 1947 година со протокол кој произлегол од Договорот за мир со Италија, со цел етнички и културно мешаното население да се стави во неутрален и независен ентитет. Намерата била да се смират територијалните аспирации на Италија и Југославија произлезени од стратешката важност за трговија со Средна Европа. Територијата станала постоечка на 15 септември истата година. Администрацијата била поделена на две области: едната (Зона А) била сместена во пристанишниот град Трст со тесен крајбрежен појас на северозапад; другата (Зона Б) опфаќала мал дел од северозападниот дел на Истрискиот Полуостров.

Слободната територија во 1954 година де факто прекинала да постои и била поделена помеѓу Италија и Југославија. Овој чин бил официјализиран многу подоцна со билатералниот Договор од Осимо од 1975 година, ратификуван во 1977 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Drašček, Nuša. "Slovenska zahodna meja po drugi svetovni vojni", diplomsko delo, Univerza v Ljubljani, Ljubljana, 2005