Прејди на содржината

Слобода на две тркала

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Слобода на две тркала“
Плакатот за филмот
РежисерИгор Д. Јовановски
ПродуцентИгор Д. Јовановски (karas4training.com)
СценаристСлободан Трајковски
Игор Д. Јовановски
Главни улогиСлободан Трајковски
Теодор Неделковски
Надица Димовска
Марко Митиќ
Гоце Шутевски
Андон Сикавица
Премиера2015
Времетраење18 минути
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски

Слобода на две тркаламакедонски документарен филм снимен во 2015 година во продукција на karas4training.com и здружението „ВЕЛОЕВРОПА“. Дејствието е во времетраење од 18 минути и е поделено на 4 дела.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Филмот зборува за велосипедскиот туринг како начин на патување, а Македонската Тур де Франс Експедиција (МТДФЕ) била искористена како инструмент за да се доловат убавините, предизвиците и предностите од овој начин на патување. Своите искуства во однос на турингот ги раскажуваат членовите на МТДФЕ: Марко Митиќ (член на МТдФЕ 2011), Гоце Шутевски (2011), Надица Димовска (2013), Андон Сикавица (2013), Теодор Неделковски (2015) и Слободан Трајковски кој е организатор и водач на сите пет експедиции и воедно организатор на познатиот велосипедски фестивал Mariovo Off-Road Experience. Двајца членови на експедицијата не се појавуваат во филмот од различни причини. Филмот е поделен на четири поглавја. Во првото поглавје „Зошто велосипед?“ раскажувачот (Слободан Трајковски) на прозаичен начин зборува за предностите и значењето на велосипедот. Во вториот дел „А зашто туринг?“ зборуваат членовите на МТдФЕ и ги споделуваат нивните погледи во однос на туринг велосипедизмот и раскажуваат искуства коишто ги доживеале на Алпите. Третиот дел „Експедицијата“ е аудио интермецо каде што се користени снимки направени од Слободан Трајковски (2013) и Теодор Неделковски (2015) и каде се доловува атмосферата при следењето на Тур де Франс етапите. Четвртиот дел „Поуки“ учесниците ги изнесуваат нивните гледишта и искуства во однос на експедицијата и туринг велосипедизмот.

Продукција

[уреди | уреди извор]

Филмот е снимен во продукција на karas4training.com, а во соработка со здружението ВЕЛОВРОПА. Режисер на филмот е Игор Д. Јовановски, според сценарио напишано од Слободан Трајковски и Игор Д. Јовановски. Монтажата на филмот е на Игор Д. Јовановски, а графичкиот дизајн на Катерина Николовска. Снимките од воздух се извршени од Бубе дрон пауер. Во филмот се користени снимки направени од Слободан Трајковски (2013), Теодор Неделковски (2015), Љубомир и Игор Јовановски.

Во создавањето на филмот користени се снимки направени за време на МТДФЕ 2013 и 2015, и снимки направени од Игор Д. Јовановски на локации во околината на Пехчево и Берово и Скопска Црна Гора.

Филмот е снимен без буџет.

Премиера

[уреди | уреди извор]

Филмот премиерно беше прикажан на отворањето на ЕХО фестивалот на планински филмови на 2 ноември 2015 година, во киното „Милениум“ во Скопје.

„Скопје ремикс“
Плакатот на филмот
РежисерБорјан Зафировски
Огнен Димитровски
Јане Алтипармаков
Синиша Евтимов
Вардан Тозија
Даријан Пејовски
Срѓан Јаниќијевиќ
Бојан Трифуновски
Саша Станишиќ
Ѓорче Ставревски
ПродуцентБорјан Зафировски
СценаристБорјан Зафировски
Огнен Димитровски
Вардан Тозија
Даријан Пејовски
Ѓорче Ставрески
Главни улогиМилан Тоциновски
Камка Тоциновски
Јана Стојановска
Јовица Михајловски
Ана Стојановска
Александар Микиќ
Дејан Лилиќ
Оливер Митковски
Кирил Коруновски
Славица Зафировска
Петре Арсовски
Сашко Коцев
Нина Деан
Софија Куновска
Премиера2012
Времетраење142 минути
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски

Скопје ремиксмакедонски филм од 2012 година, кој е режиран од десет различни режисери, кој се состои од десет приказни, еден град.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Омнибус од десет кратки филма на десет млади режисери.[1]

Глумец Улога
Александар Микиќ
Ана Стојановска
Бојана Петровиќ
Дејан Лилиќ
Емра Куртишова
Игор Ангелов
Јана Стојановска
Ифат Незир
Јелена Јованова
Јулија Милкова
Јовица Михајловски
Камка Тоциновски
Кирил Коруновски
Милан Тоциновски
Петре Арсовски
Славица Зафировска
Нина Деан
Сашко Коцев
Оливер Митковски
Софија Куновска
Владимир Христов
Јелена Мијатовиќ
Гораст Цветковски
Владимир Ангеловски-Дади
Јордан Симонов
Кирил Поп Христов
Наташа Наумовска
Бојан Велевски
Славиша Кајевски
Ацо Кабранов
Биљана Секуловска
  1. Скопје ремикс, New Macedonian Video, Living Pictures, 2012-03-30, Посетено на 2024-09-16

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]