Сионска горница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сионската горница — зграда во Ерусалим, зграда во која се одржала Тајната вечера на Исус Христос и апостолите, според христијанството како и многу други “конгреси“ за почетокот на христијанството.

Зградата е на два спрата и се наоѓа во поголемиот комплекс во Сион. Зградата може да биде посетена, но не и да биде користена за молитви и христијански обреди. Сионската горница била утврдена од францисканите во 1335 година по кои таа се користела како џамија и синагога. По посетата на Папа Јован Павле II, израелските власти ја вратиле сопственоста на зградата на католичката црква, а како замена била добиена црквата во Толедо, која била претворена во синагога.

Исто така постои и легенда која вели дека на вториот спрат, над гробот на цар Давид, e местото на Тајната вечера. Современото поместување на Тајната вечера е поставено во периодот на Ерусалимското Кралство на крстоносците (10991299).