Селемлиско Езеро
Селемлиско Езеро | |
---|---|
![]() Поглед на Селемлиското Езеро | |
Координати | 41°08′31″N 22°36′50″E / 41.14194°N 22.61389°E |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Селемлиска Река |
Главни истеци | Селемлиска Река |
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 600 м км |
Најг. ширина | 400 м км |
Најг. длабочина | 10 м м |
Зафатнина | 840.000 м3[1] км3 |
Селемлиско Езеро или Селемлија — вештачко езеро во непосредна близина на селото Селемли, на крајниот југоисток на Македонија, непосредно до границата со Грција. Езерото било создадено во текот на 1970-тите години за наводнување на околните насади со лозје.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]
Езерото името го добило по селото Селемли, во чијашто непосредна близина се наоѓа.
Географија
[уреди | уреди извор]По својата големина, Селемлиско Езеро спаѓа во групата на мали вештачки езера, при што неговата зафатнина изнесува 840.000 м3 вода.[1] Езерото има издолжен облик и се протега во правец север-југ. Неговата должина изнесува околу 600 метри, додека најголемата ширина изнесува околу 400 метри. Езерото има длабочина од 3 до 10 метри. Основен извор за полнење со вода е мала рекичка која извира во Егејска Македонија, но од неа езерото нема постојан прилив на вода, така што значаен извор се есенските и пролетните дождови. Нивото на водата во езерото е доста променливо, па во некои сушни години опаѓа и за повеќе од 3 метри.
Риби
[уреди | уреди извор]Езерото располага со богат рибен фонд и е привлечно место за рекреација на спортските риболовци. Во минатото езерото било испразнувано и порибувано, така што во него денес се среќаваат следните видови риба: крап, караш, сончаница, црвеноперка, љињак, штука, сом и костреш.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на езерото
-
Поглед на езерото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Стратегија за климатски промени на Општина Богданци за периодот 2014-2020“ (PDF). Богданци: Општина Богданци. мај 2014. Посетено на 29 мај 2017.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Селемлиско Езеро на Ризницата ?