Секој вели те сакам
„Секој вели те сакам“ (англиски: Everyone Says I Love You) — американски филм од 1996 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Џулија Робертс, Едвард Нортон, Дру Баримор, Голди Хон, Алан Алда, Натали Портман, Лукас Хас, Труде Клајн и Тим Рот. Филмот зазема посебно место во творештвото на Ален, зашто претставува првиот и единстевн негов мјузикл, работен по примерот на класичните холивудски мјузикли снимени меѓу 1930-тите и 1950-тите. Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ и за Европските филмски награди.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Во Њујорк живее богатото и либерално семејство Дендриџ: брачниот пар Боб и Стефи и децата Скајлар, Скот и Лора. Стефи ја има и ќерката Џун од бракот со Џо Берлин. Џо и Стефи се во добри односи, а сите знаат дека Џо е заљубен во неа. Тој има бројни врски со други жени, но тие редовно завршуваат со неуспех. Конечно, тој ја запознава убавата Вон и успева да ја освои, а во тоа му помага ќерката Џун која му ги кажува сите тајни желби на Вон. Истовремено, Скајлар се вљубува во злосторникот Чарлс Фери (го игра Рот) кој се наоѓа на условна слобода благодарение на залагањето на Стефи...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Филмови на англиски јазик
- Американски филмови
- Филмови од 1996 година
- Филмски комедии
- Мјузикли
- Филмови на Вуди Ален
- Филмови со Вуди Ален
- Филмови со Џулија Робертс
- Филмови со Дру Баримор
- Филмови со Натали Портман
- Филмови со Лукас Хас
- Филмови со Труде Клајн
- Филмови со Тим Рот
- Филмови со Алан Алда
- Филмови со Голди Хон
- Филмови со Едвард Нортон
- Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк
- Филмови чие дејствие се одвива во Париз
- Филмови чие дејствие се одвива во Венеција