Дру Баримор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дру Баримор
Баримор на премиерата на Музика и стихови во 2007 година
Роден(а) Дру Блајт Баримор
22 февруари 1975 (1975-02-22) (воз. 42 г.)
Калвер Сити, Калифорнија
Занимање Глумица, автор, режисер, модел, продуцент
Активен период 1978–сè уште
Страница
drewbarrymore.com

Дру Блајт Баримор[1] (родена на 22 февруари 1975 г.)[1][2][3] — американска глумица, автор, режисер, модел и продуцент. Таа ја започнала својата кариера глумејќи на телевизија, и набрзо потоа станала филмска глумица.

По турбулентното детство кое ѝ било одбележано со зависност од дрога и алхокол и две рехабилитациски сесии,[2][4] таа на свои 15 години ја напишала својата автобиографија насловена Изгубно девојче. Таа глумела во низа популарни филмови, влучувајќи ги Отровна Ајви (1992), Лоши девојки (1994), Момци на страна (1995) и Врисок (1996). Таа исто така глумела заедно со Адам Сендлер во Пејач на свадби (1998), 50 први состаноци (2004) и Семеен хаос (2014).

Откако Баримор и Ненси Џувонен ја основале продукциската компанија Flower Films,[5] компанијата продуцирала неколку филмови и серии во кои глумела Баримор, како Никогаш бакната (1999), Ангелите на Чарли (2000), Дони Дарко (2001), Ролерки (2009) и Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (2009). Таа глумела и во филмовите Музика и стихови (2007), Сите се добро (2009), Врска на далечина (2010) и Веќе ми недостигаш. Баримор добила Златен глобус за најдобра глумица во минисерија или ТВ филм за најзината изведба во ТВ филмот Сиви градини (2009).

Таа била именувана за амбасадор против гладот при Светската програма за храна (WFP) на Обединетите Нации. Одтогаш, таа донирала преку 1 милион долари на програмата. Баримор има своја ѕвезда на холивудската патека на славните.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дру Баримор е омажена за Вил Копелман, со кого има две ќерки: Олив (родена во 2012) и Френки (родена во 2014).[6]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Баримор се прославила на седумгодишна возраст, со улогата во филмот на Спилберг „ЕТ“.[7]

Други активности[уреди | уреди извор]

Покрај филмската кариера, Баримор повремено пишувала текстови за интернет-магазинот „Рифајнери 2“.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Drew Barrymore Biography (1975-)“. FilmReference.com. http://www.filmreference.com/film/99/Drew-Barrymore.html. конс. 22 април 2014 г. 
  2. 2,0 2,1 „Drew Barrymore Profile“. Hello Magazine. http://www.hellomagazine.com/profiles/drew-barrymore/. конс. 9 август 2010 г. 
  3. Monitor“, 22 февруари 2013, стр. 32.
  4. "Drew Barrymore". Inside the Actors Studio. Bravo. June 22, 2003. No. 910, season 9. Archived from the original on December 16, 2008.
  5. „Miss Barrymore“. Miss Barrymore. архивирано од оригиналот на 7 јуни 2013. https://web.archive.org/web/20130607134234/http://www.miss-barrymore.com/drew-barrymore/biography/. конс. 9 август 2010 г. 
  6. „Баримор ужива во бракот и во новинарскиот предизвик“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.
  7. „Баримор ужива во бракот и во новинарскиот предизвик“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.
  8. „Баримор ужива во бракот и во новинарскиот предизвик“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.