Седум смртни гревови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хиеронимус Бос - Седумте смртни гревови

Седум смртни гревови — една од најважните основи на христијанското учење и христијанската теологија. Меѓутоа, она што е најинтересно во тој поглед е што листата од седумте гревови кои резултираат со смрт, ги нема во Библијата. Оваа листа прв ја систематизирал монахот Евагриј Понтијски, триста години после смртта на Христос. Тој всушност составил листа од осум „страшни искушенија на човечката душа“, која во 590та година папата Григориј Велики ја заокружил на седум и ги прогласил за „смртни“. Според христијанските сфаќања: сладострастие, завист, дрчност, мрзливост, алчност, гнев и гордост се гревовите кои може да се сторат без притоа да се размислува за нив. Во наредните 1400 години оваа листа од „седум смртни гревови“ ќе претставува важна одредница за христијанската теологија, историја, развојот на општеството, па дури за нашата сегашност.[1] Според учењето на католичката црква, седумте смртни гревови не се одвоени од кој било друг грев кој не се смета за „смртен“. Меѓутоа, седумте смртни гревови се изворот на сите други постоечки гревови и пороци.[2] На почетокот на 14тиот век, идејата за „седумте смртни гревови“ била мошне инспиративна меѓу уметниците кои придонеле таквото сфаќање да се вкорени во свеста на католиците ширум светот. Од тој период датира и мнемотехничкиот акроним: „САЛИГИА“ збор кој настанал со преземање на почетните букви од сите седум именки на латински со кои се означува еден од гревовите: superbia (гордост), avaritia (алчност), luxuria (сладострастие, копнеж), invidia (завист), gula (дрчност), ira (лутина, бес), acedia (мрзливост).[3]

Сладострастие, копнеж[уреди | уреди извор]

Сладострастието, копнежот и блудот не може да се сместат во една категорија, бидејќи постоеле различни сфаќања во текот на развојот на општеството. Порано прељубата се третирала како блудничење и кривично дело, додека, пак, денес владее сосема поинакво мислење. Блудот обично се употребува кога се опишува некое криминално дејство во кое се случуваат сексуални активности, често поврзано со порнографија. Понекогаш е тешко да се одреди границата помеѓу блудот и фетишизам. [4][5] Според христијанското учење, класичното дејство на блудот опфаќа прељуба, сексуални односи пред стапување во брак и сл. Христијанската дефиниција за блудот гласи: "Блудот е искривен, изопачен однос кон сексуалноста како нешто чисто и свето што Бог го создал."

Гордост[уреди | уреди извор]

Горделив човек е оној кој ги потценува другите луѓе, а според христијанското учење го потценува и самиот Бог. Горделивиот човек е препотентен човек, полн со себе, смета дека сè знае и дека сè може да направи.[6] Горделивоста претставува преценување на своите можности и чувство на надмоќ во однос на другите.[7]

Алчност[уреди | уреди извор]

Алчноста е особина карактеристична за луѓе кои сакаат да имаат сè за себе. Тука не станува збор само за алчност во поглед на материјалното, туку и духовното. Филозофот Сенка вели дека сиромашните сакаат малку, богатите многу, а алчниите сè.[8]

Завист[уреди | уреди извор]

Зависта е силно чувство на завидност на туѓиот успех, односно нас ни е криво поради нечиј успех. Зависта ја потиснува самопочитта. [9]

Дрчност, ненаситност[уреди | уреди извор]

Дрчноста е прилично негативна особина која се манифестира со прекумерно и беспотребно внесување храна во организмот. Дрчната личност иако нема потреба од дополнително количество храна, сепак посегнува преку своја волја, дури и тогаш кога тоа и пречи.[10] Дрчноста се смета за исклучително негативна особина во периодите од историјата на човештвото кога владеел голем глад. Додека луѓе умирале поради недостаток од храна, богатите се расфрлале со намирници. Освен храна, во дрчност може да спаѓа и неограничено конзумирање пијалоци, пијанство и сл. [11]

Гнев[уреди | уреди извор]

Гневот (бес или лутина) е емоционална реакција, која може да биде предизвикана од објективни случувања, но и ирационална, неразумна предизвикана автосугестија. Гневот се манифестира со силни емоционални реакции преку говор со повисок тон - викање, намерна некому да се нанесе болка, страдање и сл.

Мрзливост[уреди | уреди извор]

Мрзливоста е особина што ги опишува луѓето кои ја изгубиле животната цел и ентузијазмот, желбата за творење. Мрзливоста не значи неделно излежување во кревет, гледање спортски натпревари, филмови, или пак одморање на плажа. За да може некоја од овие активности да прерасне во мрзливост, неопходно е да ни биде правило во животот, а не исклучок кој се случува повремено. На пример, во сабота попладне или во текот на седмицата, после тешката, исцрпна и напорна работа. Вилијам Хауард Арнолд изјавил дека најголем банкрот на светот е личноста која го изгубила ентузијазмот.[12]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sedam smrtnih grehova“. RTS. http://www.rts.rs/page/tv/sr/story/20/RTS+1/963888/Sedam+smrtnih+grehova%3A+Razvrat.html. конс. 23. 12. 2013. г. 
  2. „THE GRAVITY OF SIN: MORTAL AND VENIAL SIN“. Christusrex.org. http://www.christusrex.org/www1/CDHN/gravity.html. конс. 23. 12. 2013. г. 
  3. Boyle, Marjorie O'Rourke (1997) [23. 7. 1997]. „Three: The Flying Serpent“. Loyola's Acts: The Rhetoric of the Self. The New Historicism: Studies in Cultural Poetics,. 36. Berkeley: University of California Press. стр. 100–146. ISBN 978-0-520-20937-4. http://ark.cdlib.org/ark:/13030/ft2t1nb1rw/. 
  4. „SEX AND VIOLENCE“. Filmreference.com. http://www.filmreference.com/encyclopedia/Academy-Awards-Crime-Films/Censorship-SEX-AND-VIOLENCE.html. конс. 23. 12. 2013. г. 
  5. „Obscenity“. http://www.law.umaryland.edu/marshall/crsreports/crsdocuments/98670A_06042003.pdf. конс. 23. 12. 2013. г. 
  6. „Oholost“. Katolicki Tjednik. http://www.katolicki-tjednik.com/vijest.asp?n_UID=3413. конс. 23. 12. 2013. г. 
  7. „Oholost“. Jutarnji.hr. http://www.jutarnji.hr/oholost/817576/. конс. 23. 12. 2013. г. 
  8. „Drugi smrtni greh: škrtost“. Politika.rs. http://www.politika.rs/rubrike/Kultura/t32391.lt.html. конс. 23. 12. 2013. г. 
  9. „Sedam smrtnih grehovana radnom mestu“. Blic.rs. http://www.blic.rs/Vesti/Dodatak/1009/Sedam-smrtnih-grehova-na-radnom-mestu. конс. 23. 12. 2013. г. 
  10. „Proždrljivost“. Iza ogledala.com. http://www.iza-ogledala.com/tekstovi/2-razlaganja/64-prodrljivost. конс. 23. 12. 2013. г. 
  11. „Proždrljivost“. Katolički tjednik. http://www.katolicki-tjednik.com/vijest.asp?n_UID=3429t. конс. 23. 12. 2013. г. 
  12. „Lenjost i pasivnost“. Akademijauspeha.com. http://www.akademijauspeha.com/clanci_svi/Lenjost.html. конс. 23. 12. 2013. г.