Самара Вивинг
Самара Вивинг | |
---|---|
Самара Вивинг на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто за премиерата на филмот Шевалије во 2022 | |
Роден(а) | 23 февруари 1992 Аделаида, Јужна Австралија, Австралија |
Занимање |
|
Активен период | 2005–денес |
Сопружник | Џими Ворден (в. 2019)[1] |
Роднини |
|
Самара Вивинг (англ. Samara Weaving; родена на 23 февруари 1992) ― австралиска глумица и манекенка. Кариерата ја започнала во 2008 година со улогата на Кирстен Малрони во серијата „Од ведро небо“ (англ. Out of the Blue).[2] Од 2009 до 2013 година, таа ја играла Инди Вокер во сапуницата „Дома и на гости“ (2009–2013) (англ. Home and Away),[3][4] за која добила номинација за награда AACTA.[5][6]
Вивинг глумела во хорор-филмовите: Mayhem и Бејбиситерка (The Babysitter) (и двата во 2017) и добила многу награди за улогата во драма-филмот Три Билборди пред Ебинг, Мисури (2017).[7] Таа добила пофалби за нејзината изведба во хорор-комедијата Подготвена или не (Ready or Not) (2019),[8] што бил нејзин прв американски театарски филм во главна улога и ја етаблирал како „кралица на врисокот“.[9][10][11] Нејзини следни хорор-улоги биле Бејбиситерка 2 (2020),[12] Врисок VI (2023)[13] и Азраел (2024).[14][15]
Вивинг наизменично глумела на филм и на телевизијата. Таа глумела во мини-сериите: „Пикник кај Хенгинг Рок“ (2018), Холивуд (2020) и Девет совршени странци (2021) и во филмовите: „Guns Akimbo“ (2019), Бил и Тед се соочуваат со музиката ( 2020), Последен момент на јасност (2020), Вавилон (2022), Шевалие (2022) и Батлер (2022).
Животопис
[уреди | уреди извор]Вивинг е родена на 23 февруари 1992 година во Аделаида.[16] Нејзиниот татко, Сајмон Вивинг, е Англичанец. Нејзината мајка, Хелена Безина, е Малтежанка.[17] Таа детството го поминала во Сингапур, Фиџи, Австралија и Индонезија.[18] Нејзиниот татко е филмски режисер и предавач на Универзитетот во Њукасл во Њукасл, Нов Јужен Велс,[19] како и уметнички директор на Меѓународниот филмски фестивал во Канбера. Нејзината мајка е уметнички терапевт која предава музејски студии на Универзитетот во Њукасл.[19] Нејзината помлада сестра, Морган, исто така е глумица; нејзин вујко е британскиот глумец Хуго Вивинг.[20][21]
Вивинг и нејзиното семејство се преселиле во Канбера во 2005 година. Таму таа учела во Граматичкото училиште за девојки.[22] Исто така глумела во неколку училишни и театарски продукции.[22]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ O'Neill, Grace (1 July 2022). „Weaving Magic: Samara Weaving on Home and Hollywood“. Harper's Bazaar Australia/New Zealand. Архивирано од изворникот 22 September 2022. Посетено на 12 October 2022.
- ↑ Joe, Chloe (2023-04-25). „Samara Weaving On Her First Heartbreak, Crushing On Orlando Bloom, & Life At 14“. Bustle (англиски). Посетено на 2024-05-05.
- ↑ Clune, Richard (6 June 2010). „Huge Weaving's as niece Samara takes up acting“. news.com.au. Архивирано од изворникот 25 September 2020. Посетено на 7 June 2017.
- ↑ Vickery, Colin (16 August 2009). „Samara Weaving gets acting tips from uncle Hugo Weaving“. news.com.au. Архивирано од изворникот на 25 September 2020. Посетено на 8 June 2017.
- ↑ „Samara settles into a fine career“. The Sydney Morning Herald. 19 August 2012. Архивирано од изворникот 28 May 2020. Посетено на 8 January 2021.
- ↑ „Vote for the AACTA award winners“. The Advertiser. 17 January 2012. Архивирано од изворникот 31 March 2022. Посетено на 31 March 2022.
- ↑ Pechman, Alexandra (8 November 2017). „Samara Weaving, Star of SMILF and Three Billboards Outside Ebbing, Missouri, Relishes Being the Girl You Love to Hate“. W. Архивирано од изворникот 1 December 2017. Посетено на 25 November 2017.
- ↑ Miska, Brad (22 August 2018). „Radio Silence Plays a Game of 'Ready or Not' With Samara Weaving“. Bloody Disgusting. Архивирано од изворникот 27 November 2018. Посетено на 26 November 2018.
- ↑ „Scream 6's Samara Weaving Casting Is A Cheap Trick“. Screen Rant. 19 July 2022. Архивирано од изворникот 22 July 2022. Посетено на 22 July 2022.
- ↑ Scott, Ryan (27 August 2019). „Ready or Not Star Samara Weaving Talks Being a New Scream Queen [Exclusive]“. MovieWeb. Архивирано од изворникот 22 July 2022. Посетено на 22 July 2022.
- ↑ Bandyopadhyay, Alakananda (5 June 2020). „'Mayhem': Samara Weaving's amazing blood-drenched performance makes her worthy of 'modern scream queen' title“. MEAWW. Архивирано од изворникот 22 July 2022. Посетено на 22 July 2022.
- ↑ Srisavasdi, Greg (18 May 2020). „Brian Cox Talks 'Last Moment Of Clarity' Collaboration With 'Exceptional' Filmmakers“. Hollywood Outbreak. Архивирано од изворникот 22 September 2020. Посетено на 2 June 2020.
- ↑ Miska, Brad (14 July 2022). „'Scream 6' – Samara Weaving and Tony Revolori Join the Cast! (Exclusive)“. Bloody Disgusting. Архивирано од изворникот 14 July 2022. Посетено на 14 July 2022.
- ↑ Wiseman, Andreas (2022-09-27). „'Ready Or Not' & 'Scream 6' Star Samara Weaving Attached To Lead Action-Horror Pic 'Azrael' From 'Godzilla Vs. Kong 2' & 'You're Next' Scribe“. Deadline (англиски). Посетено на 2024-05-05.
- ↑ Complex, Valerie (2024-01-10). „SXSW Lineup Sets 'The Fall Guy', '3 Body Problem' Among Fest's 2024 World Premieres As First Titles Revealed“. Deadline (англиски). Посетено на 2024-05-05.
- ↑ Lal, Chloe (31 January 2018). „Who is Samara Weaving: Get to know the Summer Bay babe that's taking Hollywood by storm“. Now To Love. Архивирано од изворникот на 25 August 2019. Посетено на 25 August 2019.
- ↑ „Samara Weaving“ (англиски). Yahoo7. 27 August 2009. Архивирано од изворникот на 9 January 2018. Посетено на 9 January 2018.
- ↑ Fox, Richard (19 August 2012). „Samara settles into a fine career“. The Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на 28 May 2020. Посетено на 7 June 2017.
- ↑ 19,0 19,1 Lipworth, Elaine (29 September 2019). „'Must be in the genes': Why Samara Weaving was destined for stardom“. The Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на 21 September 2020. Посетено на 5 November 2019.
- ↑ Fox, Richard (19 August 2012). „Samara settles into a fine career“. The Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на 28 May 2020. Посетено на 7 June 2017.
- ↑ Clune, Richard (22 April 2012). „Summer Bay's new sister act with Samara Weaving and her sister Morgan“. The Daily Telegraph. Sydney, NSW. Архивирано од изворникот на 14 July 2020. Посетено на 8 June 2017.
- ↑ 22,0 22,1 Edwards, Laura (23 January 2013). „Weaving fame from a passionate past“. Canberra CityNews. Архивирано од изворникот на 19 September 2020. Посетено на 8 June 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Самара Вивинг на Семрежната филмска база на податоци (англиски)