Прејди на содржината

Салмакида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нимфа Салмакида и Хермафродит, François-Joseph Navez(1829.)

Салмакида (грчки јазик|Σαλμακίς) во старогрчката митологија била нимфа.

Митологија

[уреди | уреди извор]

Салмакида била нимфа Најада од изворот на градот Халикарнас во Карија на југозапад на Анадолија.[1] Според некои извори, била една од лимнадите.[2] Најверојатно била ќерка на речниот бог Меандер.[1] Оваа нимфа ја посакала љубавта на младиот Хермафродит, но срамежливото момче ги отфрлал нејзините бакнежи. Меѓутоа, го привлекол нејзиниот прекрасен извор и тој влегол во водата да се искапе. Нимфата тогаш страсно го прегрнала и побарала од боговите засекогаш да се соедини со него. Боговите и ја исполниле молбата и тие двајцата станале едно тело со одлики на двата пола. Кога видел што му се случило, Хермафродит ги замолил своите божествени родители, Хермес и Афродита да секој кој се искапе во изворот на оваа нимфа да ја доживее истата судбина.[3] Оваа приказна ја запишал Овидиј во „Метаморфозите“.[4]

Салмакидина фонтана

[уреди | уреди извор]

Оваа фонтана се наоѓа покрај древниот мавзолеј во Халикарнас и денес претставува туристичка атракција во Бодрум во Турција. Се смета дека водата од оваа фонтана има смирувачко дејство. Во античкото време се сметало дека мажите ги прави феминизирани и „помеки “.[5]

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Групата Genesis на албумот Nursery Cryme 1971 ја издала и песната „The Fountain of Salmacis“.[2]

Биологија

[уреди | уреди извор]

Латинското име на оваа личност (Salmacis) е назив за род во рамки на групата морски ежеви.[6]

  1. 1,0 1,1 -{theoi.com: Nymphe Salmakis}-, Посетено на 24. 4. 2013.
  2. 2,0 2,1 -{mlahanas.de: Salmacis}- Архивирано на 13 октомври 2011 г., Посетено на 24. 4. 2013.
  3. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  4. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: NYMPHS}-, Посетено на 24. 4. 2013.
  5. -{Bodrum History - Bodrum information, pictures, attractions at Bodrum.org}- Архивирано на 3 јуни 2019 г., Посетено на 24. 4. 2013.
  6. -{WoRMS World Register of Marine Species: Salmacis}-, Посетено на 24. 4. 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]