Саво Климов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саво Климов
Роден 1929 година
Голац, Романија
Починал 13 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Саво Стојанов Климов ( 1929 во Голац, Романија13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Неговите родители се населиле во Романија, како печалбари, а подоцна се вратиле во Скопје. Тука ја завршил гимназијата, по што набргу стапил во народно-ослободителното движење и зел непосредно учество во борбите за ослободување на Скопје. На 13 ноември 1944 година учествувал во уличните борби против Германците. Загинал на левата страна на Бардовци под тврдините на Кале, на денот на ослободувањето на Скопје - 13 ноември, 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 203. На |first= му недостасува |last= (help)