Прејди на содржината

ССУ „Св. Кирил и Методиј“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Св. Кирил и Методиј“

Место
Општина: Охрид
Место: Охрид
Основни информации
Директор: Славица Костоска
Настава на: македонски
Контактни информации

Средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ — средно економско и медицинско училиште во Охрид, Охрид.[1][2]

Основање и развој

[уреди | уреди извор]

ССУ „Св. Кирил и Методиј“ стартувало како нов правен субјект на 1 септември 2014 година. Економските и медицинките паралелки иако постоеле од 1957 година, по 43 години биле одвоени од гимназијата „Св. Климент Охридски“ и со тоа било формирано ново средно економско училиште со медицински паралелки. Првата учебна 2014/2015 година стартувала со 550 ученици во економската и медицинската струка. Во првата година биле запишани 110 ученици , а ангажирани околу 50-тина вработени.

  1. СРЕДНОТО ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ОД ДЕНЕС СТАРТУВА КАКО НОВ ПРАВЕН СУБЈЕКТ
  2. „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-27. Посетено на 2022-01-15.