Руско-кримски војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Московски Руси на своите јужни граници.
Татарска инвазија на Русија во 1521 година.

Руско-Кримските војни (руски: Русско-крымские войны) биле низа од континуирани војни кои се воделе меѓу силите на Големото московско кнежеството и Татарите од Кримското Ханство во тек на 16 век за регионот околу реката Волга. Во 16 век, дивите степи на Русија биле постојано изложени на напади на Татарите. За време на војните, Кримските Татари (подржани од турската војска) ја напаѓале во повеќе наврати централна Русија, го уништиле пограничниот град Рјазан, ја запалиле Москва и зеле околу 150.000 Руси како воени заробеници. Во Молодинската битка (руски: Молодинская битва) Татарите биле поразени, но покрај поразот, татарските напади продолжиле. За да се одбрани од постојаните напади на Кримското Ханство, наследничката на Московското кнежество, Царска Русија, во 18 век, неколку пати ги напаѓала, за да при крајот на 18-тиот век го освои Кримското Ханство, по што Татарите потполно ја изгубиле својата моќ во регионот.

Текот на војната[уреди | уреди извор]

Инвазијата на Кримските Татари врз Големото московско кнежество, започнала во 1507 година, по смртта на големиот московски кнез Иван III, кога Татарите ги нападнале руските градови Белев и Козелск. Во 16 век, јужната граница на Русија, кон дивите степи, се наоѓала кај градот Рјазањ, кој бил пограничен град и оддалечен од Москва само 190 километри. Границата била многу несигурна, па Русите тука држеле околу 65 илјади војници и имале бројни утврдувања. Но, и покрај тоа, имало чести сурови напади од Кримското Ханство на територијата на Русија, проследени со палење на градови и земање на воени заробеници, кои потоа биле продавани на пазарите во Крим како робови. На тој начин, многу христијани по успешните татарските напади, преку трговија со робје на пазарите на Цариград, биле продавани на Турците. Дури и сопругата на еден од најголемите турски султани, Сулејман Величествениот, Рокселана, која била христијанка, била заробена и продадена преку Крим како робинка.

Борбите во текот на 1570 година[уреди | уреди извор]

Во 1570 година, Кримските Татари страшно го разориле пограничниот град Рјазањ, кој иако требал да ги чува приодите кон Москва, во тој напад не пружил посилен отпор.

Борбите во тек на 1571 година[уреди | уреди извор]

Во мај 1571 година, силна армија од 120.000 кримски и турски војници (80.000 Татари, 33.000 турски башибозуци и 7.000 јаничари) под водство на кримскиот кан Девлет I Герај, заедно со големата и мала ногајска хорда и черкеската војска го заобиколиле градот Серпухов и одбранбените утврдувања на реката Ока, ја поминале реката Угра и го опколиле крилото на руската војска, која имала само 6000 војници.[1] Кримско-турската војска го скршила брзо отпорот на Русите, кои се повлекле кон градот Москва, а заедно со нив се повлекло и целото население.

Кримската војска на својот пат кон Москва ги палела и разурнувала сите градови и села кои не биле заштитени.[2] Кога дошле до предградијата на Москва ги запалиле и нив, а огнот, поради силниот ветер, брзо се раширил. Во градот настанала страшна паника и стампедо на избезумени луѓе кои трчале кон северната порта на Кремљ, при што многу од нив загинале во овој ужасен неред. Паника ги обземала и војниците кои биле изгубени во масата на луѓе кои бегале, а во пожарот загинал и принцот Бељски (Гедиминович). За само три часа, речиси цела Москва, тогаш градена претежно со дрвена граѓа, изгорела. Следниот ден кримската војска го ограбила градот.

Османлиите одвеле во ропство околу 150.000 Руси. Современиците зборувале за 100.000 загинати по кримската инвазија во 1571 година.[1]

Папскиот нунцио Антонио Посевино, кој бил сведок на уништувањето, во своите записи истакнал дека во 1580 година Москва немала повеќе од 30.000 жители, иако во 1520 година имала околу 100.000 жители.

Борбите во текот на 1572 година[уреди | уреди извор]

По палењето на Москва, кримскиот кан Девлет I Герај, направил план за целосно освојување на Големото московско кнежевство, кој план бил подржан од страна на Отоманската Империја. Веќе следната година, тој повторно тргнал со голема војска од 120.000 кримски Татари и Турци кон Русија, но бил одбиен во Молодинската битка (руски: Молодинская битва) од руската војска, која била предводена од војводата Михаил Воротински и Димитриј Хворостинин.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Nisbet Bain, Robert (1908). Slavonic Europe: Apolitical History of Poland and Russia from 1447 to 1796. 124: Cambridge University Press. 
  2. Fisher, Alan W (1987). The Crimean Tatars. Hoover Press Publication. стр. 45. 
  3. Payne, Robert; Romanoff, Nikita (2002). Ivan the Terrible. Cooper Square Press. стр. 329. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]