Ружица Керамичиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена Ружица Михајлова
5 октомври 1930
Суботица, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање психолог, универзитетска професорка


Ружица Керамичиева (моминско: Михајлова; 5 октомври 1930 во Суботица) — македонски психолог и универзитетска професорка на Филозофски факултет во Скопје, која што во моментов е во пензија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Филозофски факултет во Белград во 1961 година, потоа во 1969 година станала магистер, за потоа и да докторирала во 1976 година. На Институтот за психологија при Филозофски факултет во Скопје се вработила во 1976 година веднаш по докторирањето. Таму ги поминала сите звања до редовен професор и во 2001 година се пензионирала. Ги предавала предметите: развојна психологија (во учебната 1986-1987), освен на Филозофскиот факултет предавала и на Дефектолошкиот факултет во Белград, методика која била наменета за студентите по психологија, предавала и психологија на Филозофски и Филолошки факултет.

Предмет на научно проучување и се говорот и мислењето кај децата, а особено се посветила на методиката каде што ја вградила интерактивната настава и активното учење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Керамитчиевски“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 688. (2009). Скопје: МАНУ.