Рок фест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рок фест
ЛокацијаСкопје
Првпат1981 (1981)


Рок фест — најстар македонски рок фестивал, што се одржувал во Скопје, на кој настапиле стотици изведувачи.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Востановен е во далечната 1981 година, како „Македонски рок фестивал“, односно „Рок Фест“, за подоцна во 1991 година да го промени името во „Поп Рок Фест“. Конечно во 1999 година, повторно да се врати на своето изворно име „Рок Фест“. Фестивалот бил со натпреварувачки карактер, а секоја година се бирале најдобар бенд и најдобар гитарист. Востановувачите на оваа манифестација, некогашниот неделник Екран и Младинскиот културен центар од Скопје, пред сѐ ја имале идејата за откривање и поттикнување на младите музичари од македонскиот музички простор.

Благодарение на оваа манифестација, афирмацијата ја стекнале или барем како отскочна даска ја имале многу бендови, што подоцна ќе бидат фактор во македонската музичка продукција. Меѓу нив се и Автограм, Мизар, Цилиндер, Сарацени, Бадмингтонс, Архангел, Талични Том,Ласт Експедишн, Санаториум, Зијан, Ареа, Верка, SMUT, Визија, Клеопатра, Steel Temple, ТВ Рејџ, Лоши Деца, Октавијан, Далтонс, Smoke Shakers, Културно Уметнички Работници, Тотално Опуштање и многу други. Последен пат Рок фест се одржа во 2014 годинa.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Рок фест“ слави 30 години“. Fashionel.mk. 18 ноември 2014. конс. 6 октомври 2017.