Зијан (музичка група)
Зијан | |
---|---|
Потекло | Гевгелија, Македонија |
Жанрови | Рок, Рокенрол |
Период на активност | 1981–денес |
Членови | |
Ацо Митрев Ице Ќорнаков Коце Динев Јане Динев |
Зијан е македонска рок музичка група од градот Гевгелија. Нивните почетоци датираат уште од 1978 под името „Трета Смена“[1], кое наскоро го променуваат во Зијан. Својот прв настап го имаат во 1981 година во Скопје како прегрупа на бендот „Видеосекс“. Победуваат на „Гитаријадата“ во Заечар, со што успеваат да го снимат својот прв демо-албум во Белград. Најзапаметена ќе остане нивната песна „Пушти коси“, која е класичен пример за вметнување на мотиви од фолклорното творештво во рок-музиката. Добитници се на златна плакета од градот Гевгелија.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Интервју со групата Зијан Архивирано на 2 август 2012 г. (26.07.2012) од Дневник
- Песната „Пушти коси“