Ригеста ајкула-чекан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ригеста ајкула-чекан
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Chondrichthyes
Поткласа: Elasmobranchii
Ред: Carcharhiniformes
Семејство: Sphyrnidae
Род: Sphyrna
Вид: S. lewini
Научен назив
Sphyrna lewini
(Griffith & Hamilton Smith, 1834)
Распространетост на ригестата ајкула-чекан.

Ригеста ајкула-чекан (Sphyrna lewini)вид на ајкула.

Како и уште седум познати видови ајкули-чекани, ригестата ајкула-чекан има необична глава, во форма на буквата Т. Кај овој вид предниот дел на главата има три риги, што му дава изглед како да е изрежан, по што и го добил името. Очите се наоѓаат странично на главата. Оваа ајкула лови во близината на морското дно и притоа мавта со главата од едната страна на другата барајќи плен како што се риби, други ајкули, октоподи и ракови. Со користење на сетилните отвори на главата таа исто така може да открива и закопан плен како ражи. Освен тоа, главата може да дејствува како површинска сила, што му овозможува на животното сила што притиска нагоре и помага при нејзиното вртење и ловење на пленот.

Овие животни може да се сретнат како пливаат во големи групи, повеќе од сто единки. Во плитките делови и утоки живеат младите единки, а потоа кожата добива потемна боја за да може да ги штити од сончевта светлина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Sphyrna lewini. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2000. Посетено на 11 May 2006. Database entry includes justification for why this species is near threatened
  • „Sphyrna lewini“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 23 January 2006. (англиски)