Референдум за независност на Црна Гора (1992)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Референдум за независност на Црна Гора
Дали сте за Црна Гора да остане дел од обединета Југославија, како суверена република и еднаква со сите други југословенски републики кои сакаат да останат во единство?
Датум1 март 1992 (1992-03-01)
Исход
Да или не Гласови Удел
Yes check.svg Да 266.273 &1000000000000968200000096,82%
X mark.svg Не 8.755 &100000000000003180000003,18%
Важечки гласови 275.028 &1000000000000098800000098,8%
Неважечки гласови 3.354 &100000000000000120000001,2%
Вкупно гласови 278.382 100.00%
Излезност &1000000000000660400000066,04%
Гласачко тело 421.549

Црногорскиот референдум за независност 1992 беше првиот референдум за независност на Црна Гора. Беа регистрирани 421,549 гласачи.

Прашањето поставено до електоратот беше:

Дали сте за Црна Гора да остане дел од обединета Југославија, како суверена република и еднаква со сите други југословенски републики кои сакаат да останат во единство?

Резултатите беа:

Албанците во Црна Гора го бојкотираа референдумот на повик од своите сонародници од Косово, Прешевската долина и Македонија со цел јакнење на албанската борба за Распад на СФРЈ и креирање на Голема Албанија. Референдумот истотака беше бојкотиран од страна на партиите кои се залагаа за независност на Црна Гора.

Кампања[уреди | уреди извор]

Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ потроши многу време за кампањата, покажувајќи ја потребата за заедничка југословенска држава со Србите. Иако не влијаеше на резултатот, државната контролирана пропаганда од страна на партијата ДПС, се залагаше за унија со Србија, игнорирајќи ги тие што сакаа независност на Црна Гора.

Во текот на кампањата Мило Ѓукановиќ рече: Ние сме горди на нашето српско потекло и црногорска државност, гордата историја на Србите.Токму затоа ние веруваме во заедничка иднина и просперитет.

Со победата на унистичкиот блок, тој додаде: Поради ните братски врски; заедничка крв прелеана низ војните, поради вечниот сон за најдобро на Црногорците и Србите, за посветла заедничка иднина, Црна Гора по своја волја одбра да живее во заедничка држава со Србија со отворено срце.

Блокови[уреди | уреди извор]

За федерација со Србија:[уреди | уреди извор]

  • Демократска партија на социјалистите на Црна Гора
  • Народна партија на Црна Гора

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

  • Српска радикална партија

За независност:[уреди | уреди извор]

  • Демократска лига на Црна Гора
  • Либерална алијанса на Црна Гора

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

  • Социјалнодемократска партија на Црна Гора

Втор референдум за независност е одржан по 14 години, на 21 мај 2006, кога Црна Гора стана независна држава.