Репрезентација на Финска во хокеј на мраз

Од Википедија — слободната енциклопедија

Репрезентација на Финска во хокеј на мраз е репрезентација на Финска во хокеј на мраз која е под контрола на Хокеарскиот сојуз на Финске. Репрезентација меѓународно се натпревраува од 1928 година.

Финската хокеарска репрезентација досега има освоено два златни медали на Светските првенства во хокеј на мраз во 1995 во Шведска и 2011 во Словачка. Покрај златото имаат освоено уште шест сребрени и три бронзени медали.

На Олимписките игри учествувале четирнаест пати и имаат две сребрени и три бронзени медали.

Вкупно во државата има 67.336 регистрирани играчи.[1]

Првиот натпревар во својата историја Финска го одиграла во Хелсинки против Шведска, на 29. јануари 1928 година и во тој двобој била поразена со 8-1. Најтешкиот пораз Финска го доживеала од Канада во 1947 година со резултат 24-0, додека највисоката победа ја памтат од 1994 година кога ја совладале Норвешка со 20-1.

Најмногу настапи за финската репрезентација има Раимо Хелминен, кој одиграл 331 натпревар во националниот дрес, а истиот играч е и најефикасен со вкупно 207 голови.

Настапи на натпреварувања[уреди | уреди извор]

Олимписки игри[уреди | уреди извор]

Место Година Пласман Место ОН П Н И ДГ ПГ
Норвешка Осло 1952 Финална рунда 7. 8 2 0 6 21 60
Италија Кортина Д'Ампецо 1956 Не учествувале
САД Скуо Вали 1960 Прва фаза 7. 6 3 1 2 18 33
Австрија Инсбрук 1964 Прва фаза 6. 8 3 0 5 18 33
Франција Гренобл 1968 Прва фаза 5. 8 4 1 3 28 25
Јапонија Сапоро 1972 Финална рунда 5. 6 3 0 3 27 25
Австрија Инсбрук 1976 Финална рунда 4. 6 3 0 3 30 20
САД Лејк Плесид 1980 Финална рунда 4. 7 3 1 3 31 25
СФРЈ Сараево 1984 Прва фаза 6. 6 2 1 3 31 26
Канада Калгари 1988  Сребрен 2. 8 5 1 2 34 14
Франција Албертвил 1992 Четвртфинале 7. 8 4 1 3 29 11
Норвешка Лилехамер 1994  Бронзен 3. 8 7 0 1 38 10
Јапонија Нагано 1998  Бронзен 3. 6 3 0 3 20 19
САД Солт Лејк Сити 2002 Четвртфинале 6. 4 2 0 2 12 10
Италија Торино 2006  Сребрен 2. 8 7 0 1 29 8
Канада Ванкувер 2010  Бронзен 3. 6 4 0 2 19 13
Русија Сочи 2014  Бронзен 3. 6 4 1 1 24 10
Јужна Кореја Пјонгчанг 2018 Квалификувани
Кина Пекинг 2022 To be determined
Вкупно 16/17 0 Титули - - - - - - -

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Финска на ИИХФ, Пристапено 24. 4. 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]