Рене Кревел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рене Кревел
Роден/а 10 август 1900
Париз, Франција
Починат/а 18 јуни 1935
Париз, Франција
Занимање поет, писател
Државјанство Французин
Жанр Надреализам

Рене Кревел (француски: René Crevel, роден на 10 август 1900 во Париз - починал на 18 јуни 1935 во Париз) — француски писател и поет, кој се вбројува кон групата на француски надреалисти.

Биографија[уреди | уреди извор]

Гробот на Рене Кревел во Париз

Рене Кревел се радил во буржоаско париско семејство. Религиозното образование со кое се стекнал го трауматизирал. Неговиот татко се самоубил (со бесење) кога поетот бил на 14-годишна возраст. Кревел ја изучувал англиската филологија во Парискиот универзитет. Неговата средба со Андре Бретон во 1921 година го вовлекла во надреализмот. Под влијание на Бретон, Кревел се оддалечил од движењето. Повод за неговото исклучување од надреални кругови била хомосексуалноста на Кревел[1].

Во овој период Кревел го напишал романот „Mon corps et moi“ („Јас и моето тело“). Во 1926 година му било дијагностицирана туберкулоза, поради кое започнал да употребува морфиум. Голем дел од творештвото на Рене Кревел е поврзана со внатрешна мешаница, предизвикана од неговата хомосексуалност. Во 1929 година, прогонството на Троцки го убедил да се врати кај надреалистите. Останал верен на Бретон, приближувајќи се кон комунистите и надреалистите.

Кревел се самоубил во ноќта на 18 јуни 1935 година, оставајќи го отворен гасот на кујнскиот шпорет. Како причина за неговото самоубиство се сметаат две причини. Првиот е конфликтот помеѓу Бретон и Илја Еренбург за време на првиот Меѓународен писателски конгрес за заштита на културата, кој се одржал во Париз во јуни 1935 година кога Кревел, заедно со другите надреалисти биле нападнати од Еренбург дека сите надреалисти се педери. Бретон неколкупати го удрил Еренбург на улица, што резултирало со исклучување на надреалистите од конгресот. Кревел, кој според Салвадор Дали, бил „единствениот сериозен комунист меѓу надреалистите“" бил изолиран од Бретон и другите надреалисти, кои биле несреќни со Кревел заради неговата хомосексуалност и лути со комунистите. Како втора причина се смета дека фактот што на Кревел му била дијагностицирана туберкулоза, со кое тој решил да се самоубие. Во својата белешка пред да се самоубие напишал дека посакува неговото тело да биде кремирано.

Десет години порано, кога Андре Бретон го вклучил прашањето „Самоубиството: Дали е решение?“ во првото издание на „La Révolution surréaliste“, Рене Кревел бил еден од оние кои одговориле позитивно, пишувајќи „Тоа е можеби најправилно и крајно решение.“

Дела[уреди | уреди извор]

  • Détours (1924 г.)
  • Mon Corps et moi (1925 г.)
  • La Mort difficile (1926 г.)
  • Babylone (1927 г.)
  • L'Esprit contre la raison (1928 г.)
  • Êtes-vous fous? (1929 г.)
  • Le Clavecin de Diderot (1932 г.)
  • Les Pieds dans le plat (1933 г.)
  • Le Roman cassé et derniers écrits (1934–1935 г.)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Renee Winegarten, "The golden boy of Surrealism: On René Crevel", The New Criterion, February 1987, „Archived copy“. архивирано од изворникот на 3 март 2016 г.. https://web.archive.org/web/20160303224405/http://www.newcriterion.com/articles.cfm/The-golden-boy-of-Surrealism-6134. посет. 26 декември 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]