Рендсбуршки мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рендсбуршки мост
Rendsburger Hochbrücke
Rendsburgerhochbruecke.jpg
Поглед на Рендсбуршкиот мост
Координати54°17′36.94″N 9°40′58.45″E / 54.2935944° СГШ; 9.6829028° ИГД / 54.2935944; 9.6829028Координати: 54°17′36.94″N 9°40′58.45″E / 54.2935944° СГШ; 9.6829028° ИГД / 54.2935944; 9.6829028
НосиЖелезница Нојминстер-Фленсбург
МинуваКилски Канал
МестоРендсбург и Остеренфелд, Германија
Официјален називEisenbahnhochbrücke
Rendsburg
Особености
Видносечки мост
Материјалчелик
Вк. должина2.486 метри
Висина68 метри
Најдолг распон140 метри
Носачи во воданема
Натпростор42 метри
Историја
ПроектантФридрих Фос
Почнат1911
Завршен1913
Отворен1 октомври 1913[1]
Rendsburg-map.png

Рендсбуршки мост (германски: Rendsburger Hochbrücke, службено Eisenbahnhochbrücke Rendsburg) — железнички вијадукт на железничката линија НојминстерФленсбург, кој исто така служи и како фериботски мост. Мостот го поминува Килскиот Канал кај градот Рендсбург во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Поседуван е од страна на државата Германија преку Сојузната агенција за вода и пловидба, која исто така го поседува и раководи со каналот. Мостот е знаменитост на градот Рендсбург и еден од најзначајните технички споменици во Германија.

На 22 септември 2013 година бил прогласен за историска знаменитост на инженерството во Германија од страна на сојузната комора на инженери.[2] Мостот ја носел титулата најдолг железнички мост во Германија 99 години, пред да биде надминат од два нови моста на новоизградената железничка линија ЕрфуртЛајпциг/Хале.

Историја[уреди | уреди извор]

Килскиот Канал (тогаш „Канал Цар Вилхелм“) бил изграден помеѓу 1887 година и 1895 година поминувајќи низ веќе постоечките сообраќајни врски, вклучувајќи ја и железничката линија помеѓу Нојминстер и Фленсбург, за која биле изграден два паралелни вртечки мостови. Во 1907 година било одлучено да се прошири каналот и поради тоа проширување морале да се остранат главните пречки.[3]

Главните железнички линии имале предност пред бродовите на каналот и бродовите морале да чекаат додека да помине возот, губејќи по половина час. Ова било сметано за главна пречна бидејќи бродовите не можеле да се поминат еден со друг на одредените областа на каналот, поради што се создавала гужва на самиот канал. Морнарицата особено притискала за одвојување на сообраќајот, бидејќи мостот ги забавува пловилата за неколку часа.

Со цел да се дозволи железничката линија да помине над каналот, новиот мост морал да има висина од 42 метри над каналот. Постоечките пруги поминувале над каналот само на 7 метри, поради што пругите морале да бидат подигнати за околу 36,5 метри, вклучувајќи дополнителни 1,5 метри за набивање на долните носачи. Предвидениот максимален наклон од 1:150 (еден метар во височина на 150 метри растојание) предизвикал изградба на насипи и мостови од околу 5,5 километри на секоја страна.[3]

Проект и изградба[уреди | уреди извор]

Мостот бил изграден во периодот 1911-1913 година по проект на Фридрих Фос (1872–1953) и ги заменил поранешните вртечки мостови.[4]

Челичниот вијадукт има должина од 2.486 метри и е надополнет со насипи, со кои целокупната должина на градбата е околу 7,5 километри. Главниот носечки мост е долг 317 метри, главниот распон му е 140 метри и се наоѓа на 42 метри над каналот.[4]

За да ја опслужува железничката станица во Рендсбург, која се наоѓа на 0 метри само неколку стотина метри од главниот мост, железничката линија прави круг од 360 степени во северниот дел на каналот.[4]

Вкупните трошоци на изградбата, вклучувајќи го преместувањето на железничките линии, но исклучувајќи ги трошоците поврзано со издигнувањето на станицата во Рендсбург, изнесувале 13,4 милиони марки (во денешни бројки околу 65,9 милиони евра). Оваа бројки вклучува 5,7 милиони марки за мостовите, 2,7 милиони марки за насипите и 1,3 милиони марки за премините и преместувањето на патишта.[3]

Историски слики[уреди | уреди извор]

Фериботски мост[уреди | уреди извор]

Фериботскиот мост (Schwebefähre), односно фериботот закачен за мостот, сообраќа секој ден на секои петнаесет минути. Растојанието од 125 метри го поминува за 1,5 минута и со тоа обезбедува најкраток пат помеѓу општината Остеренфелд и градот Рендсбург. Овој начин на превоз е особено корисен за учениците.[5]

Гондолата е 14 метри долга, шест метри широка и патува шест метри над каналот. Во поново време, капацитетот бил намален од шест на четири гондоли со цел да се зголеми големината и товарот на гондолите.[5]

Досега се случува само една несреќа во јануари 1993 година при бура. Празна гондола се откачила за време на ноќта, паднала во каналот и удрила во брод. За среќа и бродот и гондолата имале само помали оштетувања.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "100 години Рендсбуршки мост со фериботот". Град Рендсбург. Посетено на 29 април 2013.
  2. "Титула за Рендсбуршкиот мост". Landeszeitung (германски). 22 септември 2013. Посетено на 25 септември 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 Ф. Фос; Ј. Герс (1 октомври 1913). "Die Eisenbahnhochbrücke über den Kaiser-Wilhelm-Kanal und die Eisenbahnverlegung bei Rendsburg" (PDF; 2,3 МБ). Zentralblatt der Bauverwaltung (германски). pp. 509–512. Посетено на 10 ноември 2011.
  4. 4,0 4,1 4,2 "Structurae: Рендсбуршки мост (1913)". structurae.de. Посетено на 25 јули 2010.
  5. 5,0 5,1 5,2 Белинг, Франк (2 ноември 2008). "Железната дама". sueddeutsche.de (германски). Süddeutsche Zeitung. Посетено на 30 октомври 2011. Unknown parameter |trans_title= ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]