Прејди на содржината

Ремон Радиге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ремон Радиге
Роден(а)18 јуни 1903(1903-06-18)
Сен Мор, Франција
Починал(а)18 декември 1923(1923-12-18) (возр. 20)
Париз, Франција
Причина за смртTyphoid fever
Занимањеписател
Познат(а) поLe Diable au corps
Le bal du Comte d'Orgel

Ремон Радиге (француски: Raymond Radiguet, роден на 18 јуни 1903 во Сен Мор - починал на 12 декември 1923 во Париз) — француски писател.

Во 1917 година го напуштил училиштето и започнал да се занимава со новинарство и литература, зближувајќи се со истакнати париски модернисти, како Пабло Пикасо, Макс Жакоб, Жан Иго и најмногу Жан Кокто. Радиге станал познат по романите „Ѓавол во телото“ ("Le Diable au corps", 1923) и објавениот посмртно „Балот на грофот Д'Оржел“ ("Le bal du Comte d'Orgel", 1924).

На 12 декември 1923 година Радиге починал од тифус во Париз.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]