Раѓањето на Венера (Ботичели)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Раѓањето на Венера“
италијански: „Nascita di Venere“
Творец Сандро Ботичели
Година 1486
Димензии 172,5 см × 278,5 см
Место Уфици, Фиренца

Раѓањето на Венера (италијански: Nascita di Venere — слика на италијанскиот уметник Сандро Ботичели, најверојатно направена во средината на 1480-тите години. Таа го отсликува митот за раѓањето на божицата Венера (Афродита). Денеска, сликата се наоѓа во галеријата Уфици во Фиренца.

Биографија Џорџо Вазари споменува дека сликите на Ботичели „Раѓањето на Венера“ и „Пролет“ се наоѓале во вилата „Кастело“ во Фиренца, која била во сопственост на Козимо де Медичи. Голем дел од експертите по историја на уметноста прифаќаат дека сликата била насликана за Лоренцо ди Медичи, брат на Лоренцо де Медичи, во 1486 година. Подоцнежни извори потвриле дека Лоренцо ја поседувал „Пролет“, а целосем доказ дека токму тој ја нарачал на Раѓањето на Венера денеска не постои.

Се смета дека како модел за ликот на Венера била Симонета Веспучи, која најверојатно била родена во Портовенере.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]