Рахилка Бурзевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рахилка Бурзевска
Роден(а)1947
Белград, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонка
Занимањепејачка

Рахилка Бурзевска (Белград, 1947) — македонска и хрватска певица - мецосопран и вокален педагог.[1] За Југотон го снимила албумот „Најубави македонски песни“, каде ги пее најувабите македонски народни песни.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бурзевска е родена во Белград во 1947 година. Дипломирала на Загребската музичка академија во класата на професорката Марија Борчиќ и како еден од најдобрите студенти на музичката академија, таа била изпратена на летен семинар во Вајмар во класата на уметничката Стела Симонети. Две години се усовршувала на Букурешкиот конзерваториум во класата на светски познатиот уметник Арте Флореску, а завршила и четиригодишен курс за обука Лид (концертно пеење) во Грац, Австрија на академијата Music Hoch Schulle кај виенската професорка и уметничка Ира Малануик. Бурзевска изведува многу опширен репертоар од сите стилски периоди. Нагласена е со стилистичка префинетост, музицирање и гласно обоен глас. Таа пееше на многу сцени во Европа, Африка и Кина, а многу домашни и странски композитори и ги посветиле своите вокални дела. Била професор по пеење во Кина, во Загреб (на Музичката академија и Музичкото училиште „В. Лисински", чија класа завршила Рената Покупиќ и многу други). Таа била основач и музички директор на меѓународно реномираниот фестивал „Рапски музички вечери“. Снималла за потребите на многу домашни и странски радио и телевизиски станици, концерти, сценска музика, цртани филмови и играни филмови (Ножички во главна улога Шерон Стоун, „Преку синото море“ со Павле Вуисиќ) Била прв претседадел на Македонското културно друштво од Загреб „Крсте Мисирков“, оновано во 1996 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]