Прејди на содржината

Разговор со корисник:Tome Piperevaliev

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добредојде!

Здраво, Tome Piperevaliev, и добредојде на Википедија! Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде!

--Boyan 10:13, 8 Април 2006 (UTC)

Дентин

[уреди извор]

Здраво, во врска со статијата Дентин која ја напишавте, имајте на ум дека нема потреба од ставање на потпис (~~~~) во статиите — потписот е само за страниците за разговор. Исто така не ставајте почетна подсекција со наслов ист како на статијата (==Дентин==) — нема потреба од тоа, воведот е секогаш без наслов на потсекција. Не заборавајте во иднина да ги наведувате изворите во една потсекција на крајот (==Извори== или ==Референци==) за да може да биде енциклопедиската содржина проверлива. Поздрав и пишете ми ако треба нешто. --Brainmachinewtf? 01:44, 25 јануари 2009 (UTC)

Мала помош за вики-врските

[уреди извор]

Да пробам јас на кратко: ставањето вики-врски до другите Википедии се прави најдолу од статијата кога се уредува (сами се местат лево), а најлесно е на следниов начин: најди ја статијата на англиски јазик, влези во edit this page и копирај го делот со вики-врските (најдолниот), а потоа стави го во твојата статија најдолу. Не заборавај да ја испишеш рачно врската до англиската статија, бидејќи не е содржана во списокот. Лесно е. Верувам дека ќе се снајдеш. Поздрав, и пријатна работа -Виолетова (разговор) 09:13, 25 јануари 2009 (UTC)

За наведувањето извори

[уреди извор]

Здраво, се извинувам за доцниот одговор (но подобро подоцна отколку никогаш). За наведувањето извори: уредувачите кои додаваат или менуваат содржини во статиите (со што значително се менува нивната смисла) мораат да наведат доверливи извори, во спротивно нивните уредувања може слободно да се избришат. За некои изјави не треба извор — нема потреба да се утврдува дека водата е составена од водород и кислород, дека Скопје е главен град на Македонија или дека забите служат за механичко ситнење на храната. За ова на просечниот читател не му треба доказ. Но, имајќи го во предвид фактот дека секој со интернет пристап може да пишува што сака, на тој просечен читател ќе му треба извор за да провери дали навистина „во Македонија живеат X број на Македонци“ (извор: резултати од попис, со врска до веб страницата од резултатите) или дали навистина „бројот на дентинските каналчиња е број се движи од 30.000 до 75.000“ (извор: било каква веродостојна книга(може учебник)/стоматолошка стручна литература/книжна енциклопедија/вебсајт кој може да го потврди тоа).

Сега како да додаваш извори:

Пред сѐ, би ти препорачал да го прочиташ напатствието, тоа што сѐ уште не е преведено. Таму можеш да најдеш сѐ што ти треба. Имај на ум дека една статија на Википедија не смее да содржи делови од книга (цели делови копирани и вметнати оти така се прекршуваат авторските права) туку само парафразирани податоци. На деловите каде што има податок од книгата, треба да им ставиш белешки, вака:

Пример:

Во масакрот загинале 42 жени.<ref>„Марсовскиот масакар“, Трпе Трпкоски (2007), стр. 42.</ref>
== Референци ==
{{reflist}}

Ќе изгледа вака:

Во масакрот загинале 42 жени.[1]

Референци


  1. ^ „Марсовскиот масакар“, Трпе Трпкоски (2007), стр. 42.


Забележуваш дека на крајот од статијата ставаш секција ==Референци==, а во секцијата само кодот {{reflist}}. Тоа на крајот автоматски ти ги сумира сите фусноти (тестирај го сето ова за да видиш како функционира). Ако користиш податок од некоја веб-страница (веродостојна!), наведи ја исто како што се наведуваат книги, во Референци или Извори.
Ако те интересира за литература што е тесно поврзана со темата на статијата, а не користиш специфични податоци од неа (туку е само поврзана), тие работи се наведуваат во посебна секција со име на англиски Further reading, во превод Поврзана литература или нешто така, ама никако буквално преведено. За онлајн литература, тоа оди во Надворешни врски.

Се надевам дека ти разјаснив нешто. Повторно прашај ако треба. Уште еднаш, извини за задоцнувањето --Brainmachinewtf? 00:14, 29 јануари 2009 (UTC)