Разговор со корисник:Golf5plus

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Постери од филмови[уреди извор]

Здраво, имате добри уредувања, но сакам да прашам за постерите за филмови што ги подигнувате овде: тие подлежат под авторски права, дали имате дозвола за нивното поставување на Википедија? - Поздрав, Виолетова (разговор) 20:25, 22 април 2023 (CEST)[одговори]

Опомена[уреди извор]

Здраво, фотографиите кои ги подигнуваш не се слободни и поради тоа поголемиот дел од нив ги избришав. На Википедија не може да се подигнуваат фотографии, кои не се слободни, односно сите фотографии мора да бидат со ослободени авторски права, или пак фотографии кои самиот член ги направил. --Ehrlich91 (разговор) 21:35, 24 мај 2023 (CEST)[одговори]

Снежана Киселичка[уреди извор]

Здраво, не ми е јасно зошто отстрануваш филмови од списокот на филмови во кои глумеле нашите глумци? Нивните страници на Imdb покажуваат друго нешто од она што ти го запишуваш. Еве за пример: imdb на Снежана Киселичка, го има филмот Ликвидатор, кој ти го отстрануваш? Исто така и на страницата на imdb за филмот Ликвидатор, ја има вбројано Снежана Киселичка. Може некој линк, потврда за твоите поправки? -Виолетова (разговор) 16:38, 24 јули 2023 (CEST)[одговори]

Здраво, таков филм по име "Ликвидатор" не постое, провери слободно, на ИМДБ таму незнам кој направил лажна страница за Ликвидатор, инаку Ликвидатор е роман од Столе Попов не е филм. На ИМДБ очигледно има некој грешки и лажни информации. Golf5plus (разговор) 17:01, 24 јули 2023 (CEST)[одговори]
Еве ти линк дека постои филмот: vardarfilm.mk Како ќе докажеш ти дека не постои? Те молам не го бриши филмот од списокот кај глумците по свое видување, може да бидеш блокиран заради такво нешто. - Виолетова (разговор) 17:22, 24 јули 2023 (CEST)[одговори]
Како прво тоа е документарен филм без актери, кој трае 15 мин. Golf5plus (разговор) 17:48, 24 јули 2023 (CEST)[одговори]
Твоето прво беше дека филмот не постои, и ти пиша: таков филм по име "Ликвидатор" не постое, провери слободно - проверив, постои, ти дадов линк. А сега си пишал: Како прво тоа е документарен филм без актери, и ова не е точно. Не ги менувај страниците за глумци по свое видување, според тоа дали ти си чул или не дека филмот постои. Поздрав- Виолетова (разговор) 08:42, 30 јули 2023 (CEST)[одговори]

Правилни наводници[уреди извор]

Здраво, те молам користи ги правилните наводници -- „ “. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 20:05, 24 декември 2023 (CET)[одговори]

Лиценцирање[уреди извор]

Здраво, кога подигаш неслободни слики, задолжително мораш да ставаш лиценца инаку сликата ќе биде избришана. Кај делот „Неслободно дело“, го пополнуваш сето тоа и најдолу кај „Лиценцирање“ во овој случај бираш „Филмски плакат“. Јас веќе ти го направив тоа за Податотека:Снежана на крајот умира.jpg. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 01:16, 9 јануари 2024 (CET)[одговори]

Предупредување[уреди извор]

Здраво, создавање статии за промоција на мали бизниси на Википедија не е во согласност со енциклопедиската содржина и самите политики, па поради тоа двапати ти ја бришам статијата за локално стовариште во Кавадарци. --Ehrlich91 (разговор) 10:46, 25 февруари 2024 (CET)[одговори]