Разговор:Црква „Св. Ѓорѓи“ - Црквино

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.
Оваа статија е дел од ВикиПроект МПЦ - ОА, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за МПЦ - ОА. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.

На веб-страницата (http://www.cdradio.com.mk/svgjorgji/) од каде што ги најдов и пренесов информациите за црквата има 2 слики од неа, па се прашувам како би можеле да земеме една и да ја ставиме во инфокутијата? - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 02:20, 20 март 2011 (CET)[одговори]

За жал сликата е заменлива и не е препорачливо да се подига на википедија. Но ако се најдат слики од иконите и фреските, тие можат да се подигнат.--Р ашо 11:21, 20 март 2011 (CET)[одговори]
Кога бев последниот пат на Пешти (за Митровден) собрав некои податоци за црквата (била одржувана од Трајче Коларот се до неговата смрт) од едни наши велешани кои имаат викендичка до Бабуна. Летоска во јуни штом одам пак на Пешти, ќе тркнам и до Црквино (ако имам време) па и ќе ја сликам црквата. - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 17:52, 20 март 2011 (CET)[одговори]
Така е најдобро. Ем посета на нешто, ем слика за википедија. Минатиот пат ме зезна за Џидимирци. Цела година го планирав тоа село за да го сликам, но ти пред мене си бил, па си подигнал слики. :)--Р ашо 18:10, 20 март 2011 (CET)[одговори]
Прекрасна е нашата Македонија, шетни, сликај, дознај, сподели... За Џидимирци морав, долго време се спремав, да трагам по моите корени, зошто имам прабаба оттаму, па затоа... :) - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 19:56, 20 март 2011 (CET)[одговори]