Разговор:Математичка економија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!
ВикиПроект Економија Оваа статија е дел од ВикиПроектот Економија, кој има за цел да создаде детален економски водич на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.

Апел за внимателност[уреди извор]

Здраво. Најпрвин, ги поздравувам напорите за изработка статии од областа на економија. Тоа е добро и, навистина, во оваа област постои простор за натамошно збогатување на македонската википедија. Сепак, имам една забелешка, за оваа статија, но тоа се однесува и на други избрани статии кои сум ги прочитал. Имено, кога ќе се прогласи некоја статија за избрана, мислам дека треба да се внимава таа да биде беспрекорна, т.е. да се избегнуваат технички, правописни и суштински грешки. За жал, како во оваа, така и во бројни други статии, често се провлекуваат бројни грешки, кои го намалуваат квалитетот на статиите. На пример, во оваа статија, Курно е погрешно напишан как Курнот, а Џевонс како Џивонс. Или, друг пример, една реченица започнува на следниов начин: Во контраст, моделот на фон Нојман... Всушност, лесно може да се насети дека ова е буквален (и погрешен) превод од англиското In contrast, кое не треба да се преведе буквално (зашто така реченицата нема никаква смисла), туку се преведува како "Наспроти тоа". Понатаму, во статијата има еден куп правописни грешки, кои вообичаено се јавуваат поради тоа што статиите на македонската википедија многу често се само механички превод од англиската википедија или од други извори. Мислам дека тоа не е добра практика, бидејќи остава простор за бројни технички и правопинси грешки. Наспроти тоа, мислам дека треба да се инсистира на тоа уредувачите да пишуваат свои статии. Поздрав. ГП (разговор) 15:00, 2 декември 2012 (CET)[одговори]