Разговор за Википедија:ВикиПроект Економија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

economics&economy, шаблони[уреди извор]

Пробував да го средам шаблон:економија, и ги преведов поглем дел од термините... ама покасно го најдов Шаблон:Стопанства. И тие две некако идат во конфликт .. посебно преку статијта капитализам. И има и еден друг проблем што сакам да видам мислења... economics - во превод значи екномика, ама кај нас не се употребува тој термин или се употребва многу ретко... кај нас се преведува како економија. economy - во превод значи економија... е сега овие два термини се во конфликт... посебен е проблемот што би ни требале две статии со име економија... едната economics а другата economy.. едната за економијата како наука, друугата за екномијата во едно стопанство... На економски факултет во Скопје професорите на предавање го изнесоа проблемот.. и рекоа дека ние ќе го користиме терминот економија за (economics) иако буквално би било економика. сето тоа за таму е добро ама за тука не би функционирало оти мора да има две статии...

има некој идеи предлози ? Tomsaso (разговор) 16:55, 19 септември 2008 (UTC)

Добра е забелешката. Јас како што знам, многумина термините економија, економика, стопанство, како и политичка економија ги поуистоветуваат. Но, сепак мислам дека добар пример е книгата за микроекономија на професорот Таки Фити. Терминот економика да се употребува како фундаментална економска наука за алоцирање на ресурсите, а терминот економија со акцент на односите меѓу луѓето во фазите на општествената репродуклција. Тоа не е нешто ново, бидејќи перофесорот Таки Фити најверојатно го има препишано од странска литература, а на многу од другите јазични изданија на Википедија овие термини вака се дефинираат. Исто така за термините политичка економија и национална економија доволно е само да се објасни нивната појава со тоа кога се појавиле и кој прфв ги употребил за соодветна намена. Но, доколку дојде до нов забуна за економијата на некој регион, денес најсоодветно е економија, бидејќи е интернационализам насекаде прифатен. Стопанство, всушност е словенски збор, кој се употребува многу ретко како еквивалент на економија. Затоа, добро е стопанство да пренасочува во економија, а економика да биде посебна статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:11, 23 септември 2008 (UTC)
баш напротив, проблемот е уникатен кај нас.. зашто ние и двата различни термини economics i economy ги преведуваме како економија... тука е клучот.. прашањето е дали да има комплетно преуредување на статиите и да го користиме терминот економика(economics) за економската наука, и терминот економија(economy) за она што би претставувало - регионална економија, национална економија и слични работи, односно стопанство ... работата е што во универзитетските учебници многу лесно се решава со кратко појаснување, но на википедија мора да постојат посебни статии и за двата термини, што ја комплицира работа и не дозволува едноставни решенија како во универзитетските учебници(користење на двата термини истовремено, односно нема простор за компромис со термините и мора да има јасна разлика... пак ќе препроверам што викаат нашите книги за терминологијава.. --Tomsaso (разговор) 15:02, 24 септември 2008 (UTC)
Да, проблемот е уникатен, но јас предложив негово решавање уште во претходниот запис. Тоа што се преведуваат 2 странски термини како економија е сигурно несоодветен прево, бидејќи економиката (не економија) се смета како фундаментална економска наука. Тоа е клучот на проблемот. Во странската литература економска наука е економија, а економиката е фундаменталната наука. Тоа доаѓа како што постојат природни науки, а како фундамент се зема математиката. Само кај нас тоа многу и не го предаваат и го маргинализираат, па затоа и економската литература на македонски јазик е некомпетентна да одговори на овој проблем. Нас не учат 5 термини да ги поистоветуваме во едно. Што мислам дека нен е добро. Досега не сум сретнал книга на македонски јазик која го расправа овој проблем. Исто така во периодот на државна регулација, државната економија или регионална била наречена стопанство на земјата или регионот. И овој термин не е доволно објаснет. Што се однесува во земјите во кои се зборува сроден јазик на македонскиот, проблемот е на исто ниво како и кај нас. Во Русија пред се и во Србија ијма многу повеќе книги, а сепак се уште на нивните Википедии каде што мора да уредувал некој економист стои поистоветување на термините. Не знам што да ти кажам, јас се согласувам со тебе дека проблем во преводот има и те подржувам во твојот предлог. Можеби сакајќи да го решиме проблемот сме во право во што верувам, но сепак сега засега мислам да го следиме примерот на земјите од исто јазично подрачје.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:17, 24 септември 2008 (UTC)

Макро или микро[уреди извор]

Незнам кој е во право Tomasso, јас повторно си оставам на своето дека поимите олигопол, монопол... треба да спаѓаат во категорија:Макроекономија. Дај да видиме подобро, мжеби и јас сум грешка. На бугарската овие поими се под макроекономија. --Астрион (разговор) 15:14, 24 септември 2008 (UTC)

во страницата за разговор ти дадов линк од англиската, таму пазарените структури се категоризирани како микроекономски теми... мислам дека тоа е најрелевантен извор... и секако универзитетските учебници(странски и наши) домените на пазарен неуспех, пазарни структури ги изучуваат под Микроекономија.Не треба да се меша тоа што еден макроекономски дел има микроекономски фундаменти... поздрав.. ..п.с штом наместам интернет во ск, ќе почниме...--Tomsaso (разговор) 21:38, 24 септември 2008 (UTC)