Разговор со корисник:Tomsaso

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Поздрав Томсасо и добродојде! Немој да се создржуваш да оставиш кај било кој од нас порака или прашање (само кликни на потписот и оди на страницата за дискусија). Најприjателски би ти советувал да ѕирнеш овде Како да уредувате статии, таму има разни примери како-што итн. Поздрав уште еднаш и се препишуваме по разно-разни статии! --SkiSki 6 July 2005 21:46 (UTC)

Здраво[уреди извор]

Не си единствениот кој размислува на сличен начин (зборувам за коментарот на селската чешма). Браво за Микроекономија, само во иднина не ги отстранувај готовите статии од Википедија:Потребни статии, иако стојат сини линкови дека се напишани, сепак нека стојат таму, за да можеме во иднина да правиме ревизии. Биди поздравен и слободно обрати ми се за било каква услуга ;) --Brainmachinewtf? 06:40, 19 август 2008 (UTC)

фала за подршката... ама како што разбрав од потребни статии се отстрануваат кога се готови статиите? ама ок тогаш... ќе ги оставам :D

ВИКИ треба да биде друштво на брејнмашини, не патриотско здружение :D:D Tomsaso

Економист[уреди извор]

Здраво Tomsaso, мислам дека не сме дискутирале со тебе никогаш досега, па еве ги првите стапки. Стварно си во право кога викаш дека имам многу мал дел напишано за економијата како банка, Сметководство, Амортизација, Инфлација, Маркетинг и.т.н. Сепак во право си, можеби треба малку да поработиме и на таа тема. нема проблем, можеме само договор претходно за да не се повторуваме--Астрион 16:58, 19 август 2008 (UTC)


Супер, јас ја одработив Микроекономија - можиш да ја ревидираш, а сега ја преведувам комплет Понуда и побарувачка. Дали ќе можеш да ги потсредиш некако категориите, по можност како на англиската википедија... Оти овдешниве категории се како предмети од на факултет а тоа не е баш енциклопедиски....

Поздрав Tomsaso 20:19, 19 август 2008 (UTC)

Старомакедонски јазик[уреди извор]

Еве види тука и кажи ми баш ме интересира што мислиш. Почнав да ја правам статијата од почеток комбинирајќи ги двете тези за јазикот но не ми е довршена. Кажи ми што мисиш за погледите наведени во статијата, бидејќи сеуште е во песок ќе ја обработувам уште. Неутралноста треба да се направи во јазикот а мислам дека писмото е ок сега, не треба да менуваме ништо. --MacedonianBoy 14:26, 20 август 2008 (UTC)

Иницијатива[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Tomsaso!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--MacedonianBoy (разговор) 19:27, 16 септември 2008 (UTC)

Економија[уреди извор]

Здраво Tomsaso, еве го новиот шаблон Шаблон:Економија, ако сакаш среди го имам проблем со англискиот па одовде и се сомневам дека ќе можам да помагам за преводот. доколку сакаш, ајде да се договориме кој што од прилика да работи...--Астрион (разговор) 14:25, 19 септември 2008 (UTC)

Здраво, другар. Гледам дека имаш многу големи придонеси во врска со економ ија. Јас, го создадов Википроектот економија, па мислам дека многу ќе придонесе за привлекување уредувачи на економски статии. Ако сакаш зачлени се. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:27, 19 септември 2008 (UTC)

Категории[уреди извор]

Остај го ти Таќи, незнам што се сеќаваш но поимите олигопол, монопол, монополистичка конкуренција, ...спаѓаат во Макроекономија како наука која се занимава со, нели “поголеми проблеми“. грешка е по мене, значи треба повторно да биде вратено на макроекономија. А за категориите во економијата, незнам каде гледаш дека не се поврзани??? Тоа е во целина економијата. Погледни ја англиската, како е категоризирањето на овие статии, сигурно јас тоа не го измислив!!! Од категориите толку од мене, доколку не ти се допаѓа поправи ги(а веќе и тоа си го сторил без питање). Само да знаеш доколку сакаш да сме тим ќе мора да соработуваме бидејќи категориите од економија ми одзедоа најмалку саат време, а мислам дека имав и попаметни работи од тоа нели, барем некоја статија плус можев да напишам. Затоа кореспондирај друг пат, доколку сакаш да има ефект. А за никулците не се плашам бидејќи нив ги има повеќе одколку т.н. големите статии. Поздрав--Астрион (разговор) 14:06, 23 септември 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222[уреди извор]

Иницијатива 22.222
         Здраво, Tomsaso!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Tomsaso!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:55, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Tomsaso!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:55, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија[уреди извор]

Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Tomsaso!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:33, 30 декември 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Tomsaso!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:16, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, Tomsaso!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:49, 1 февруари 2009 (UTC)

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:36, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

10 години Википедија[уреди извор]

      Здраво, Tomsaso!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:41, 13 јануари 2011 (CET)[одговори]

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, Tomsaso!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:38, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес не е достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:48, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]