Пукај во пијанистот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пукај во пијанистот“ (француски: Tirez sur le pianiste) — француски филм од 1960 година, во режија на Франсоа Трифо, кој е автор и на сценариото, заедно со Марсел Муси. Главните улоги ги играат: Шарл Азнавур, Мари Дибоа, Никол Бергер, Мишел Мерсие, Серж Даври, Албер Реми и Даниел Буланже.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Едуар Саројан (го игра Азнавур) е познат пијанист од Париз. Во еден разговор, неговата сопруга Тереза (ја игра Бергер) му кажува дека неговата слава се должи на нејзината љубовна врска со неговиот менаџер. Едуар го напушта станот, но веднаш се враќа назад, а во меѓувреме Тереза извршува самоубиство. Тогаш, тој се откажува од свирењето и се вработува во еден бар каде работи под лажното име Шарли Колер. Келнерката Лена, која го знае неговото вистинско име, се вљубува во него и тие почнуваат љубовна врска. Во меѓувреме, неговите двајца браќа имаат проблеми со гангстерите, а последиците ги трпи и Шарли. Откако сопственикот на барот (го игра Даври) им дава на гангстерите информации за Шарли, тој оди во барот и по кратка расправа го убива сопственикот, а потоа, заедно со Лена бегаат надвор од градот. Истовремено, ганстерите го киднапираат малиот Фидо, синот на Шарли. Шарли и Лена заминуваат во една планинска куќа во која се кријат неговите браќа, но таму доаѓаат и гангстерите. Фидо успева да им побегне, но гангстерите ја убиваат Лена. По престрелката со нив, Шарли и браќата успеваат да побегнат, но гангстерите ги бркаат.

Наводи[уреди | уреди извор]