Псамут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Псамут
Пашериенмут, Псамутис
Бронзена статуа на Псамут, ЛМОЛА.
Фараон на Египет
Владеел392/1 п.н.е., 29. династија
ПретходникАкор
НаследникАкор (вратен)

Псамут (изворно наречен и Пашериенмунт, Псамутес или Псамутис),[1]фараон на Дваесет и деветтата египетска династија во текот на 392/1 п.н.е.

Животопис[уреди | уреди извор]

Местото на овој крал во династијата е дебатно прашање. Иако тој е спомнат во три различни епитоми на манетовата Египтијака (Африкан, Евсевиј и ерменската верзија на второто) и во Демотската хроника, редоследот на кралевите е различен меѓу овие извори и не е јасно дали Псамут го наследил Акор, или обратно.[1]

Според една хипотеза на египтологот Џон Д. Реј, по смртта на Неферит I во 393 п.н.е., престолот бил предаден на неговиот син и наследник, кој најверојатно ќе бил Акор. Сепак, се чини дека во неговата втора година, узурпаторот Псамутес (хеленизиран облик на египетското име Пашериенмут[2]), ја презел власта и го симнал Акор, додека се прогласил за фараон.[1]

Релјеф кое носи дел од кралската насловница на Псамут, Музеј на уметноста Метрополитен.

И Манетон и „Демотската хроника“ му даваат на Псамут должина на владеењето од една година, согласувајќи се со највисокиот датум даден од археолошките записи, стелата на Мајка на Апис ја забележува неговата „Прва година, четврти месец на Перет“. Пред 2-та година на Псамут, а со тоа и пред „службената“ 3-та година на Акор, последниве на некој начин ја продолжиле власта, а потоа продолжиле да се датираат со неговите споменици уште од неговиот прв датум на крунисување, едноставно преправајќи се дека узурпаторот никогаш не постоел.[1]

Како и да е, преживеани се некои археолошки записи кои го споменуваат Псамут: стелата Мајка на Апис од Сакарскиот серапеум, блок од Ахмим и некои други наоди од тебанскиот регион. За Псамут главно се смета дека наредил изградба на капела во Карнак, која подоцна била узурпирана и завршена од Хакор. Исто така е можно, капелата да ја започнал Акор пред неговото симнување и понатаму да ја обновил за време на неговото второ владеење.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Мутис, претпоставен претендент за престолот за време на неговото владеење

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ray, J. D., 1986: "Psammuthis and Hakoris", The Journal of Egyptian Archaeology, 72: 149-158.
  2. Peter Clayton, Chronicle of the Pharaohs, Thames and Hudson Ltd. 1994 стр.203

 

Претходник
Акор
Фараон на Египет
Дваесет и деветта династија
Наследник
Акор (вратен)