Продавница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дуќан за свеќи во Стара чаршија - Скопје
Самопослуга

Продавница, дуќан[1], магазин[2], магаза[3] – просторија каде што се продава стока.[4] Продавниците може да се делат по неколку критериуми. Според обликот на достапност и преземање на стоката се делат на:

  • продавници во кои стоката не им е достапна на купувачите, карактеристични по продажниот пулт зад кој се наоѓа еден или повеќе продавачи кои ги послужуваат купувачите и ја наплаќаат стоката пред издавање. Овој облик е карактеристичен за помали, маалски продавници кои може да бидат со широка намена, но и специјализирани, како пекара, месара, новински киоск.
  • самопослужни продавници каде стоката им е достапна на купувачите кои најчесто ја ставаат во корпи или колички, па пред излегување плаќаат на каса.

Постојат разни видови продавници специјализирани за продажба на разни предмети како што се:

Поголеми објекти во кои се продаваат различни видови производи, зависно од организациската структура се нарекуваат трговски центри, стоковни куќи или самопослуги.

Продавницата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „дуќан“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „магазин“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „магаза“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „продавница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Дино Буцати, Продавница на тајни, ТНИД “Ѓурѓа”, Скопје, 2005.
  6. Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015.
  7. DISCOGS, The Clash ‎– London Calling (пристапено на 9.5.2020)