Прва битка на Ена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прва битка на Ена
Дел од продолжението на сојузничката офанзива против Првата и Втората германска армија
Race to the Sea 1914.png
Карта на Западниот фронт, 1914
Датум 13–28 септември 1914
Место Ена, Франција
49°26′N 3°40′E / 49.433° СГШ; 3.667° ИГД / 49.433; 3.667Координати: 49°26′N 3°40′E / 49.433° СГШ; 3.667° ИГД / 49.433; 3.667
Исход без победник
Завојувани страни
Трета Француска Република Франција
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Обединето Кралство
Германско Царство Германија
Команданти и водачи
Трета Француска Република Мишел-Жосеф Монури
Трета Француска Република Жозеф Жофр
Трета Француска Република Луј Франше д Еспери
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Џон Френч
Александар фон Клук
Карл фон Билов
Јосијас фон Херинген
Сила
Трета Француска Република Петта Армија
Трета Француска Република Шеста Армија
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска BEF
Прва Армија
Втора Армија
Седма Армија
Жртви и загуби
Трета Француска Република непознат
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска 13,541 убиени или ранети
непознат

Прва битка на Ена (француски: 1re Bataille de l'Aisne) — продолжение на сојузничката офанзива против Првата и Втората германска армија, кои се повлекувале по Првата битка на Марна во септември 1914 година. Битката траела од 13 септември до 28 септември 1914 година и завршила без победник. Противничките страни на тие позиции останале вкопани во рововите со незабележителни придвижувања, во ужасни услови и со бесполезни жртви до 1918 година.[1]

Сојузниците на 11 септември заклучиле дека Германците ќе го запрат повлекувањето околу реката Ена. Кога германската Прва и втора армија пристигнале до реката Ена, биле дополнително засилени со Седмата армија под команда на Јозиас фон Херинген, па започнале со поставување на обрамбени позиции и со копање на ровови на северниот брег на реката. Главната одбрана Германците ја базирале на брдата Шемин де Дам. Во нападот на трите германски армии сојузниците тргнале на 13 септември со Петтата армија, под команда на Луј Франше д' Епере , со Шестата француска армија,под команда на Мишела Монури и Британските експедициони сили под команда на Џон Френч. Во тек на 14 септември сојузниците продолжиле со напади на Германците кај брдата Шемин де Дам, но германците со контранапад успеале да се вратат на појдовните позиции. Германската тешка артилерија и митралескиот оган ги држеле сојузниците на растојание.[2]

Ссојузниците продолжиле со напади и на 18 септември, а борбите биле прекинати на 28 септември, кога станало јасно дека ниту една од завојубаните страни не може да изведе ефективен фронтален напад на непријателските ровови. Освен тоа тогаш Французите биле под тежок притисок во регионот на Ремс. Бидејќи двете страни се нашле во нерешителна позиција, вкопани во рововите кај Ена, започнале со обиди да ја изманеврираат противничката страна од другите позиции. Така започнале операции познати како "Трка кон морето". Трка кон морето ја започнал командантот на француските сили Жозеф Жофр, кој ги покренал сојузничките сили северно и западно, тако што го напаѓал изложениот германски бок во Нојон. Подоцна се одвивале и други битки под исто име и за иста територија:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Battle-Fields of the Marne 1914. Illustrated Michelin Guides for the Visit to the Battlefields. Clermont-Ferrand: Michelin & Cie. 1925. OCLC 487790576. https://archive.org/details/battleofmarne00manu. посет. 27 март 2014 г. 
  2. Evans, M. M. (2004). Battles of World War I. Devizes: Select Editions. ISBN 1-84193-226-4.