Портал:Уметност/Одбрана статија/декември, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кочо Рацин (Коста Солев Рацин, Koста Солев Апостолов) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на македонската литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимаваше и со проза, а има напишано и неколку значајни трудови од областа на историја, филозофија и литературната критика.

Кочо Солев е роден во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата и потребата од работна рака во грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е принуден да го напушти редовното школување и да стане грнчар. Сепак, неговата желба за учење беше голема и тој продолжува да се самообразува.

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но набрзо, од април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.

Прочитајте повеќе...