Портал:Отоманско Царство/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Отоманско Царство — мултиетничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија. Таа е една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркиското племе Огузи во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I