Прејди на содржината

Портал:Историја/Одбрана статија/ноември, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Редот на витезите Темплари, основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сè до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал.

На чело на Темпларите се наоѓал Големиот мајстор. Прв Голем мајстор бил основачот Хуго Де Паен а последен Жак Де Молеј, кој во 1314 година бил спален на клада. Витезите Темплари биле поделени на неколку сталежи (братства):

  • Витези, припадници на високата класа, вооружени како тешка коњаница.
  • лесна коњица, припадници на пониска класа на витези
  • феудални старешини кои управувале со имотот и земјата на витезите
  • Свештеници, задолжени за духовниот живот на витезите

Прочитајте повеќе...