Голем мајстор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Голем мајстор е титулата на водачите на различните витешки редови, но служела и како титула на некои воени и религиозни редови. Исто така и некои секти ја имале титулата Голем мајстор за својот возвишен водач. Оваа титула се упетрубувала и во Античкиот ред на Хиберинјаните и во Портокаловиот ред.

Во воените редови, како и во редот на темпларите или во редот на Ливонијанските браќа на мечот, Големиот масјтор бил избиран за формален и извршен водач кој стои на врвот на воената и феудалната пирамида, што се смета дека би важел принципот „држава со држава во неа“, според кој доколку редот е државно поддржан, тогаш Големиот мајстор е и главен во државата (ако е со Светото Римско Царство, тој е Рајхфирст) и главен во владата, а некаде и принц на црквата, како што е случајот со витезите, Тевтони и малтешкиот ред. Денешните редови во основа се разликуваат во почеста којашто ја имале некои антички редови во коишто возвишениот водач често ја имал титулата Голем мајстор, или ја прилагодувал на сродниот принц, којшто седнувал на престолот. Но, во другите редови за тоа имало друга титула или ранг.

Поврзано[уреди | уреди извор]