Портал:Индијанци/Избрани јазици номинирање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлог за месец јуни[уреди извор]

Навахо јазикот (Diné bizaad) е атабаскански јазик зборуван во југозападни САД од народот навахо или Diné. Тој е географски и лингвистички карактеристичен за јужните атабаскански јазици а додека другите атабаскански јазици се зборуваат во Канада и Алјаска. Навахо јазикот е најголем јазик од сите староамерикански јазици со повеќе од 100.000 говорници и тој број се зголемува од ден на ден. Јазикот е еден од најтешките јазици во светот со најкомплициран систем на пишување. Навахо азбуката се користела за време на Втората светска војна за шифри и кодови. Прочитај повеќе

Предлог за месец јули[уреди извор]

Предлог за месец август[уреди извор]

Предлог за месец септември[уреди извор]

Мајански јазик (алтернативно: Мајански јазици) е назив што се користи за јазици во Средна Америка. Јазикот го зборуваат околу 6 милиони луѓе наречени Мајанци, особено во Гватемала, Мексико и Белиз. Во 1996 година Гватемала призна 21 мајански јазици а Мексико призна уште четири плус. Фамилијата на мајански јазици е една од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Средна Америка од староседелните јазици. Филмот Апокалипто, од Мел Гибсон, е исклучиво сниман употребувајќи го јукатеканскиот мајански јазик. Модерниот мајански јазик е создаден од протомајански јазик, и е јазик за кој се смета дека се зборувал уште од пред 5000 години. Мајанскиот јазик формира дел од мезоамериканската лингвистичка територија, настанат со заемно мешање на народите од Средна Америка и скоро сите имаат заеднички лингвистички елементи. Прочитај повеќе

Предлог за месец октомври[уреди извор]

Ироке́ските јазиции (англиски: Iroquoian languages) — се јазици на северноамериканските индијанци, кои се распространети во источниот дел на Северна Америка. Наречени се по народот Ирокези кои го населувааттој дел од регионот. Прочитај повеќе