Портал:Архитектура/Избрана статија/2008/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Четири книги за архитектурата — дело издадено во 1570, во четири тома, чиј автор е Андреја Паладио (1508-1580), кој е творецот на архитектонскиот правец наречен паладијанска архитектура.

Четири книги за архитектурата е трактат на тема архитектура. Тука Паладио ги изложува своите нацрти кои зборуваат за чистината и едноставноста на класичната архитектура, илустрирана од самиот архитект. на англиски книгата за прв пат е издадена во Лондон во 1715. Јаснотијата на книгите инспирирале многу патрони и други архитекти. Паладијанската архитектура станала мошне популарна ширум Европа и до XVIII век се проширила и во Северна Америка. Томас Џеферсон, тогашен претседател на САД, бил обожавател на Паладио и еднаш рекол за книгата дека е „Библија“. Четирите книги му послужиле за сопственото дело како архитект на Монтичело при Вирџинискиот универзитет. Прочитајте повеќе