Портал:Архитектура/Избрана биографија/2008/декември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко Витрувиј Полион (о. 80-70 п.н.е — ?) — римски писател, архитект и инженер, кој работел во 1 век п.н.е. За неговиот живот се знае многу малку. Дури и неговото име и средно име не се сигурни. Тие се спомнуваат само од Кетиј Фавентин. Речиси сите податоци за неговиот живот се изведени од неговите дела.

Роден е како слободен римски граѓанин во Кампанија. Се мисли дека служел во римската војска во Шпанија и Галија под водство на Јулиј Цезар. Таму веројатно тој бил еден од воените инженери, кои конструирале опсадна машинерија. Во подоцнежните години тој бил вработен од неговиот спонзор, царот Октавијан Август, и се здобил со пензија до крајот на својот живот. Годината на неговата смрт не е позната, што значи дека Витрувиј не бил многу славен во своето време. Прочитајте повеќе