Прејди на содржината

Полска пршленка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полска пршленка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Пршленка
Вид: Полска пршленка
Научен назив
Spergula arvensis
L.

Полската пршленка (науч. Spergula arvensis) е вид на растение од родот пршленка (Spergula). Цветот на ова растение е симбол на грофовијата Монтгомеришир во Велс.

Во Македонија, расте по песокливи почви, покрај реки, по ниви како коров и по напуштени ниви. Се посочува за Крива Паланка, Валандово и Струмица.[1]

Ова е едногодишно растение високо 10-30 см. Стебленцата се обично во голем број, вертикални, неразгранети или разгранети уште од самата основа, со ретки или густи жлездести влакна во горниот дел. Листовите се 1-3 мм долги, зелени, тесно линејни, повеќе или помалку месести, жлездесто влакнести, на врвот тапи, на долната страна со надолжна бразда. Прилисниците се мали, широко јајцевидни. Цветовите се групирани во реткоцветни дихазиуми. Цветните дршки се нежни, жлездесто влакнести. Чашкините ливчиња се 5, слободни, јајцевидни, тапи. Венечните ливчиња се пет, по должина речиси еднакви со чашкините ливчиња или малку подолги. Прашниците се обично 10 или помалку.[1]

  1. 1 2 Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 294

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]