Бршлен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бршлен
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Штитовидни
Семејство: Бршлени
Род: Бршлен
Вид: Обичен бршлен
Научен назив
Hedera helix
L.

Обичен бршлен или само бршлен (науч. Hedera helix) — вид од родот бршлен, локално растение речиси насекаде во Европа и југоисточна Азија. Ова е зимзелен ползавец, кој расте до височина од 20-30 м по соодветни површини (дрва, карпи, ѕидови), а доколку нема ветрикални површини, расте распределено по земја. Се држи за површината со помош на прилепливи коренчиња.

Млади вдлабнати лисја на ползавични стебла

Листовите му се наизменични, со должина од 4-8 см, и со петиоли со должина од 3-10 см; постојат два типа, палматно петорни млади ливчиња на ползавични дршки, и целосни листови на плодни цветни дршки наполно изложени на сонце, обично високо во крошните на дрвата или горни слоеви ако е на карпа. Цветовите излегуваат во доцно лето и останувааат до доцна есен. Поединечно се мали со пречник од 3-5 см, зеленкасто-жолти и многу богати со нектар. како такви се важен доцен извор на храна за пчелите и други инсекти; плодовите се мали црни бобинки кои зреат доцна на зима, и исто така се важен извор на храна за многу разни птици, но се отровни за луѓето. Семињата им ги расфрлаат птици кои ги јадат плодовите.

Бршленот во југоисточна Европа и југозападна Азија се сметаат за посебен подвид Hedera helix подв. poetarum, со тоа што имаат портокалови бобинки.

Блиско сродните видови Hedera canariensis и Hedera hibernica често се сметаат за сорти или подвидови на H. helix (Flora Europaea), меѓутоа тие се разликуваат по број на хромозоми, па така не можат да се вкрстат лесно (McAllister 1982). H. helix најдобро се разликува по помалите и малку повеќе вдлабнати листови и помалку буен раст, иако распознавањето понекогаш може да е тешко.

Одгледување и употреби[уреди | уреди извор]

Прошаран бршлен

Бршленот нашироко се одгледува како украсно растение, со бројни сорти бирани по карактереистики како жолти, разнобојни или длабоко назабени, со пурпурни дршки и бавен џуџест раст.

Лековитост[уреди | уреди извор]

  • Од растението се прави искашлувач за кашлица или бронхитис. Во 1597 британскиот билјар Џон Џерард препорачал вода со бршленови листови за миење на болни или воденести очи.[1]

Надворешни врски и наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gerard, John; Woodward, Marcus (едиц.) (1985), Gerard's Herbal: The History of Plants, New York: Crescent Books, ISBN 0-517-464705