Подметнување (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Подметнување
(Changeling)“
Changeling poster.jpg
Официјален постер
Режисер Клинт Иствуд
Продуцент Клинт Иствуд
Сценарист Џо Мајкл Страцѕински
Настапуваат Анџелина Џоли
Џон Малкович
Џефри Донован
Џејсон Батлер Харнер
Гатин Грифит
Жанр драма
трилер
Музика Клинт Иствуд
Дистрибутер Universal Pictures
Премиера 31 октомври 2008 Flag of the United States.svg САД
26 ноември 2008
Времетраење 141 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $55.000.000
Бруто заработка $66.7.000.000

Подметнување англиски: Changeling е американски драма трилерфилм на Клинт Иствуд од 2008 год. Главните улоги ги играат: Анџелина Џоли, Гатлин Грифит, Ајми Рајан, Џон Малкович итн. Во 2008 година, филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал. Во 2009 година, филмот имал номинации за три награди „Оскар“ и две номинации за „Златен глобус“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Лос Ангелес, во 1928 година. Самохраната мајка Кристин Колинс (ја игра Џоли) се враќа од работа и дознава дека го нема деветгодишниот син Волтер (го игра Грифит). По неколкумесечна истрага, полицијата пронаоѓа едно дете во Илиноис, кое одговара на описот и кое кажува дека е нејзиниот син. Тогаш, се вклучуваат и медиумите, кои сакаат да ја разгласат приказната со среќен крај, но мајката тврди дека тоа не е нејзиниот син. Полицајците ја сметаат мајката за лажливка или за хистерична жена. Но, кога таа ќе му се придружи на еден свештеник (го игра Малкович) во критиката на работата на полицијата, државните служби се свртуваат против мајката. Во меѓувреме, на еден ранч, еден полицаец пронаоѓа имигрант од Канада со нерегулирани документи за престој. Тогаш, момчето од Канада ја соопштува застрашувачката приказна...[2]

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Анџелина Џоли Кристин Колинс
Џефри Донован Џ.Џ. Џонс
Џон Малкович Густав Бриглеб
Џејсон Батлер Харнер Гордон Норткот
Ејми Рајан Карол Декстер
Мајкл Кели Лестер Ибара

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

66то изданиеЗлатен Глобус[уреди | уреди извор]

Најдобра главна актерка во драма (Анџелина Џоли)– номинирана
Најдобар саундтрак (Клинт Иствуд) – номиниран

81во издание Оскар[уреди | уреди извор]

Најдобра актерка во главна улога (Анџелина Џоли) - номиниран
Најдобра кинематографија - номиниран
Најдобра уметничка режија - номиниран

Надворешни врски[уреди | уреди извор]