Пирс Лепаж
Лепаж на Светското првенство 2023 | ||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Канаѓанец | |||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 22 јануари 1996 Витби, Онтарио, Канада | |||||||||||||||||||||||||||
Висина | 2.04 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 88 кг[1] | |||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Канада | |||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Десетобој | |||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Грегори Портној | |||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Пирс Лепаж (роден на 22 јануари 1996 г.) — канадски атлетичар кој се натпреварува во десетобој.[1]
Тој освоил златен медал на Светското првенство 2023 во Будимпешта, со што станал првиот канаѓанец со титула во десетобој на светските првенства. Лепаж исто така е носител на сребрен медал од Светското првенство 2022 и од Игрите на Комонвелтот 2018, како и на бронзен медал од Панамериканските игри 2019. Лепаж ја претставувал Канада на Летните олимписки игри 2020 во Токио, завршувајќи на петтото место.
Кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци и прв меѓународен медал (2015–18)
[уреди | уреди извор]Започнувајќи да се занимава со атлетика на 12 години и со десетобој на 17 години, Лепаж го свртел вниманието кон себе во 2015 година по соборувањето на канадскиот јуниорски рекорд во десетобој. Во 2016 година тој учествувал на атлетското натпреварување Декастар во Таланс, Франција и постигнал резултат повисок од 8000 бодови за прв пат во кариерата.[1] Во 2017 година, Лепаж се натпреварувал на атлетискиот митинг во Гецис, Австрија каде што завршил на седумнаесеттото место, а потоа победил на панамериканскиот куп во комбинирани дисциплини. Во домашни рамки, тој станал државен шампион на канадското државно првенство, во отсуство на олимпискиот медалист Дамиан Варнер.[2]
Лепаж бил именуван во канадскиот состав за Игрите на Комонвелтот 2018 кои се одржале во Голд Коуст, Австралија. На своето прво големо натпреварување, тој неочекувано привлекол големо внимание на медиумите во неговата земја кога неговиот тимски колега Варнер, кој додека бил во водство не успеал да обезбеди резултат во скок со стап и бил принуден да се откаже од натпреварувањето. Лепаж како единствен канаѓанец во продолжението од натпреварувањето постигнал сопствен најдобар резултат од 8171 бодови и успеал да се закити со сребрен медал зад Линдон Виктор од Гренада. По искачувањето на подиумот, Лепаж изјавил: „за мене, ова е огромна отскочна даска натпреварувајќи се од локални до големи натпреварувања како Игрите на Комонвелтот.“[3] Тој му дал признание на Варнер за неговата поддршка, нарекувајќи го „некој со кој можеш да разговараш, да се потпреш ако ти е потребна помош и веројатно не би освоил сребрен медал без него таму, бидејќи тој е одличен лидер за пример.“[4] Сепак, Лепаж го пропуштил поголемиот дел од остатокот од сезоната поради повреди.[1]
Светско првенство и олимписко деби (2019–21)
[уреди | уреди извор]Во јуни 2019 година, Лепаж остварил победа на митингот Декастар во Таланс, Франција со 8453 бодови, достигнувајќи квалификациска норма за следните летни олимписки игри и светско првенство.[1] Именуван во канадскиот состав за Панамериканските игри 2019 во Лима заедно со Варнер, тој бил второпласиран после првиот натпреварувачки ден, но на крајот завршил на третото место, зад Варнер и Линдон Виктор. На својот прв настап на светските првенства, на Светското првенство 2019 во Доха, Лепаж завршил петтопласиран во десетобој со 8445 бодови. Како и на Панамериканските игри, тој бил второпласиран после првиот натпреварувачки ден, но го загубил местото на подиумот во последните две дисциплини, фрлање копје и 1500 метри. Неговите високи резултати низ сезоната му го донеле третото место во сезонскиот куп за комбинирани дисциплини.[1]
Поради почетокот на пандемијата на КОВИД-19, Летните олимписки игри 2020 во Токио биле одложени за цела година, а тренинзите станале отежнати со затворањето на многу објекти. Лепаж истакнал дека тренирал пред неговата куќа речиси година, само трчајќи, без тренинг за дисциплините скок со стап, скок во височина и скок во далечина.[5] Пред игрите, тој се натпреварувал на Хипо-митингот во Гецис, Австрија каде што го освоил второто место, зад Варнер, поставувајќи нови најдобри резултати во кариерата на трките на 100 метри, 110 метри со пречки и 1500 метри.[1] Во Токио, Лепаж бил третопласиран после првиот натпреварувачки ден, но на крајот не успеал да се закити со олимписки медал и завршил како петтопласиран.[6] Година подоцна тој изјавил дека на игрите во Токио се натпреварувал со скината пателарна тетива, и дека тоа било искуство што нема да го заборави и од кое научил многу.[7]
Сребро и злато од светските првенства (2022–23)
[уреди | уреди извор]На Светското првенство 2022 во Јуџин, Лепаж бил второпласиран по првиот ден од натпреварувањето во десетобој, откако Дамиан Варнер бил принуден да се откаже поради повреда.[8] На вториот ден, тој остварил најдобри резултати во кариерата во фрлање диск и на трката со пречки со што кратко време бил во водство, но сепак бил престигнат од Кевин Мајер по дисциплината фрлање копје за на крајот да го освои сребрениот медал со најдобар резултат во кариерата од 8701 бод.[7] Лепаж бил првично именуван во канадскиот состав за Игрите на Комонвелтот 2022, но се откажал по светското првенство поради потребата од соодветно да се одмори и да се подготви за остатокот од сезоната.[9]
На Хипо-митингот во 2023 година, Лепаж поставил сопствени најдобри резултати на 100 метри и фрлање копје, освојувајќи го златниот медал со победа над седумкратниот победник на митингот, Дамиан Варнер.[10] На Светското првенство 2023 во Будимпешта, Лепаж бил второпласиран на половина од натпреварувањето, пред Варнер и зад германецот Лео Нојгебауер.[11] Лепаж го започнал вториот ден со сопствен најдобар резултат од 13.77 секунди на 110 метри со пречки, преземајќи го водството кое успеал да го задржи до самиот крај. Со освојувањето на златниот медал, тој станал првиот канаѓанец со светска титула во десетобој. Резултатот од 8909 бодови бил негов најдобар во кариерата и шести најдобар на сите времиња.
Лични рекорди (на отворено)
[уреди | уреди извор]- Обновено на 26 август 2023[12]
Дисциплина | Резултат | Место | Датум | Бодови |
---|---|---|---|---|
Десетобој | 8909 | Будимпешта | 26 август 2023 | 8909 бодови |
100 метри | 10.28 | Гецис | 27 мај 2023 | 1028 бодови |
Скок во далечина | 7.80 | Монтреал | 26 јули 2019 | 1010 бодови |
Фрлање ѓуле | 15.99 | Лос Анџелес | 22 април 2023 | 851 бодови |
Скок во височина | 2.09 | Гецис | 27 мај 2017 | 887 бодови |
400 метри | 46.84 | Јуџин | 23 јули 2022 | 966 бодови |
110 метри со пречки | 13.77 | Будимпешта | 26 август 2023 | 1004 бодови |
Фрлање диск | 53.26 | Јуџин | 24 јули 2022 | 939 бодови |
Скок со стап | 5.25 | Таланс | 23 јуни 2019 | 988 бодови |
Фрлање копје | 63.09 | Гецис | 28 мај 2023 | 784 бодови |
1500 метри | 4:31.85 | Токио | 5 август 2021 | 733 бодови |
Виртуелен најдобар резултат | 9190 бодови |
Резултати на меѓународните натпреварувања
[уреди | уреди извор]Година | Натпреварување | Град | Место | Дисциплина | Бодови |
---|---|---|---|---|---|
Настапувајќи за Канада | |||||
2018 | Игри на комонвелтот | Голд Коуст, Австралија | 2. место | Десетобој | 8171 бодови |
2019 | Панамерикански игри | Лима, Перу | 3. место | Десетобој | 8161 бодови |
Светското првенство | Доха, Катар | 5. место | Десетобој | 8445 бодови | |
2021 | Летни олимписки игри | Токио, Јапонија | 5. место | Десетобој | 8604 бодови |
2022 | Светското првенство | Јуџин, САД | 2. место | Десетобој | 8701 бодови |
2023 | Светското првенство | Будимпешта, Унгарија | 1. место | Десетобој | 8909 бодови |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Pierce LePage“. Team Canada - Official Olympic Team Website (англиски). 2019-06-26. Посетено на 2020-03-16.
- ↑ „Pierce Lepage wins decathlon at Canadian track and field championships“. CBC Sports. 6 јули 2017. Посетено на 2018-04-08.
- ↑ „Canada's Warner drops out, LePage wins silver in Commonwealth Games decathlon“. CBC Sports. 10 април 2018.
- ↑ Piercy, Justin (6 август 2019). „Canadian decathletes Warner, LePage relish chance to compete in Lima“. CBC Sports.
- ↑ Barnes, Dan (22 јули 2021). „'I guess I'm good at being second': Meet Pierce LePage, Canada's other Olympic decathlon medal threat“. National Post.
- ↑ Brady, Rachel (4 август 2021). „Decathlon leader Damian Warner of Canada has gold within his grasp heading into the second day of competition“. Globe & Mail.
- ↑ 7,0 7,1 Heroux, Devin (24 јули 2022). „Canadian decathlete Pierce LePage wins silver at World Athletics Championships“. CBC Sports. Посетено на 25 јули 2022.
- ↑ Heroux, Devin (23 јули 2022). „Canada's Damian Warner out of world championships after suffering hamstring injury“. CBC Sports. Посетено на 24 јули 2022.
- ↑ „Four Canadians including De Grasse, LePage withdraw from Commonwealth Games“. CBC Sports. July 26, 2022. Посетено на July 26, 2022.
- ↑ Gillespie, Kerry (29 мај 2023). „Perfect 10? Well, Pierce LePage's javelin throw felt perfect as he beat Olympic decathlon champion Damian Warner at the Hypo Meeting“. The Toronto Star. Посетено на 5 јули 2023.
- ↑ „Canada's Andre De Grasse 6th in 200m at worlds after skipping 4x100 relay heats“. CBC Sports. 25 август 2023. Посетено на 26 август 2023.
- ↑ „Pierce LePage – IAAF“. World Athletics. Посетено на 25 јули 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Пирс Лепаж“ на Ризницата ? |
- Пирс Лепаж на worldathletics.org