Пире
Пире[1] – јадење подготвено од варен или сиров зеленчук или овошје. Поимот особено се однесува на пире од компири.
Во Македонија покрај пирето од компири најпознати се доматното пире и десертот костен-пире.
Подготовка[уреди | уреди извор]
Зеленчукот или овошјето, исчистено од кожата и семките, се дроби со виљушка, се пасира со преса или се миксира. На добиената смеса се додаваат одредени состојки за подобрување на вкусот (млеко, путер...) и зачини. [2]
Подготвеното пире може да биде гарнир со некое главно јадење, но и етапа во подготовка на некој рецепт.
Етимологија[уреди | уреди извор]
Зборот пире е заемка од францускиот збор purée што значи „очистено“.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „пире“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Рецепт за најкремастото пире од компири“. Готви. 5 октомври 2017. Посетено на 14 февруари 2021.
![]() |
„Пире“ на Ризницата ? |